Утревечер од 20.30 до 22 часот, Камениот мост ќе биде затворен, поради „Бела ноќ“, манифестација која по деветти пат традиционално се одржува во Скопје.
Мостот за минувачите ќе биде затворен од техничко- безбедносни причини.
Во рамките на богатите културно уметнички содржини ќе се одржи и спектакуларно музичко – пиротехничко шоу на плоштадот Македонија од светската атракција Commandos Percu, кратко наречено „Bombs per minute“.
[custom_frame_center][/custom_frame_center]
Изво: www.novatv.mk
Датуме на објава: 04.10.2013