Втор ден МАКЕДОНИЈА 2025: Иновативни бизниси во фокусот!

/, Македонија/Втор ден МАКЕДОНИЈА 2025: Иновативни бизниси во фокусот!

Втор ден МАКЕДОНИЈА 2025: Иновативни бизниси во фокусот!

Втор ден од инвестицискиот самит во Охрид. Иновативни бизниси и развојот на лидерските способности и човечките ресурси се главни теми на кои денеска ќе дискутираат учесниците.

Вчера претседателот на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски, повика на градење силна нација, поттикнување странски инвестиции и размена на искуства со другите национални компании, а за да се постигне тоа, според него, потребен е агресивен пристап.

– Сакам Македонија да успее, да видам мотивирани фирми што ќе усвојат иновации, да видам странски директни инвестиции – потенцира Зафировски обраќајќи се на отворањето на самитот.

Министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, истакна дека на самитот се присутни голем број менаџери од странски фирми, кои ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија. Тој рече дека некои од нив се првпат во земјава и оти со нив водат разговори за тоа што може да им се понуди. Генерално, најголем имаме успех имаме од автомобилската, машинската и прехранбената индустрија и од земјоделскиот дел, каде што има с` поголем интерес, како и медицината, потенцира Самак.

Живко Мукаетов, член на Одборот на директори на „Македонија 2025“, истакна дека организацијата поставува дефинитивно сериозен мост на соработка меѓу бизнис-заедницата во Македонија и бизнис-заедницата на Македонците што живеат надвор.

. [custom_frame_center]Втор ден МАКЕДОНИЈА 2025: Иновативни бизниси во фокусот![/custom_frame_center]

Извор: www.faktor.mk

Датум на објава: 10.10.2013

By | 2013-10-10T14:03:34+00:00 10/10/2013|Економија, Македонија|