Карфур и ТЦ РЕМ ги отвораат вратите на 18 јуни

//Карфур и ТЦ РЕМ ги отвораат вратите на 18 јуни

Карфур и ТЦ РЕМ ги отвораат вратите на 18 јуни

На 18 јуни се отвораат вратите за посетители на новиот трговски центар во Тетово. Вториот трговски центар во градот под Шара се отвора 1 ,5 месеци откако на влезот во Тетово беше отворен Палма Мол, а инвеститорот Ренова и покрај конкуренцијата очекува голема посетеност на уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува и хотел и станбени единици. – Очекувам РЕМ да стане најпосетуваното место, бидејќи во него ќе бидат отворени реномирани продавници, ресторани, игротеки и други содржини за шопинг на тетовци кои заслужуваат вакво место. Трговскиот центар се наоѓа на атрактивна локација во центарот на градот и е комплетна инвестиција на Ренова во вредност од 40 милиони евра, што воедно е и најголема во западна Македонија. Во него ќе бидат вработени 250 лица – рече Шефки Идризи, сопственик и генерален директор на Ренова.   Консултанската компанија за недвижности Фортон, како ексклузивен агент за изнајмување на објектот се погрижи трговскиот центар РЕМ да биде изнајмен над 85% од реномирани и добро познати брендови. Според Влатко Богоевски од Фортон, ТЦ РЕМ со содржините што ќе ги понуди ќе биде едно од најпосетуваните места во западна Македонија, со 4 до 5 пати повеќе посетители од било која друга шопинг локација во градот. Во рамките на трговскиот центар, свои продажни објекти ќе имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Карфур кој по Скопје во Сити Мол тука го отвора својот втор хипермаркет, италијанскиот моден ланец Групо Фјори, Мега Фешн, играчница Аркадиа, Екстрим Интимо, Офис Плус, Пенти, Ламас и Џовани УСА, Мат Стар, Кимико, Топ Шоп, Анхоч, ПиСи Фешн, Голден Роуз, парфимерија Еликсир, слаткарница Амфора, донер Дајти,  печива и пица Меридиан, бутик Емона, накит Сваровски Елементс, апарати за домаќинство Елипсо. – Истражувањето што го спроведовме покажа дека дури 27% од дамите кои купуваат во нашата продавница во Скопје Сити Мол се од Тетово и западниот регион. Затоа се одлучивме да отвориме нова во ТЦРЕМ на 200 квадратни мести каде ќе понудиме над 300 артикли – рече Ема Темелковска, ПРагент на модната куќа ПиСи Фешн. РЕМкомплексот се состои од: трговски центар 19. 000 м2, луксузен хотел со 5 ѕвезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60. 000 квадрати. Изградбата на ТЦРем првично ја започнаа двгуца инвеститори: Ренова и Електрометал, но поради немање на средства вториот инвеститор во септември минатата година се откажа.

[custom_frame_center]Карфур и ТЦ РЕМ ги отвораат вратите на 18 јуни[/custom_frame_center]

Извор: Вечер

Автор: (С. Бл. )

Датум на објавата: 21.05.2014

 

 

By | 2014-05-22T11:24:10+00:00 22/05/2014|Маркети|