Мода Сопечат 40 Години Тимберленд

//Мода Сопечат 40 Години Тимберленд

Мода Сопечат 40 Години Тимберленд

„Тимберленд и светот на премиум чизми” во винскиот бар „Штала” ја одбележаа 40годишнината од постоењето на добро познатите жолти чизми. На уникатен начин беше прославен роденденот на овие револуционерни модни обувки, кои со својот уникатен печат го дефинираат стилот, а воедно се секојдневни, удобни и модерни чизми.

Посетителите имаа можност да остават „yellow вооtѕ” отпечаток на најголемата патека на стапалки на потрошувачи, која говори за бројните

фанови на овој бренд кај нас. На забавата беше присутна урбана македонска публика и многу познати јавни личности кои го потврдија имиџот на овој бренд мода сама за себе, привлечна и соодветна за сите класи и стилови.

Помеѓу нашите естрадни ѕвезди најголеми фанови на „yellow вооtѕ” се

Катарина Ивановска, ЛД Пистолеро и актерот Горазд Цветковски. Од светската естрада, пак, најлојални Тимберленд фанови се Ријана, Џејзи, Кање.

Извор: Вечер

Датум на објава: 08,11,2013

By | 2013-11-12T15:17:36+00:00 12/11/2013|Мода|