Незаборавна новогодишна ноќ на плоштадот Македонија

//Незаборавна новогодишна ноќ на плоштадот Македонија

Незаборавна новогодишна ноќ на плоштадот Македонија

  • Организација на Градот Скопје и поддршка од Т-Мобиле и Македонски Телеком
  • Популарна македонска музика и забава до раните утрински часови

И оваа година градот Скопје со поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија го организираат традиционалниот дочек на Новата година, на плоштадот Македонија.

За највеселата ноќ граѓаните ќе се забавуваат со  музиката на македонските и воедно  интернационални ѕвезди Калиопи и Тијана, Мустафа Имери, младиот но реномиран музички уметник и интерпретатор на народни и забавни нумери, како и добро познатите Роберт и Панки, со своите добро докажани динамични настапи.  

Новогодишниот концерт ќе започне во 21.00 часот, a се очекува да трае до раните утрински часови. Вистинска кулминација ќе се случи точно на полноќ кога небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет.

И оваа година се очекува одлична забава со познати музички рефрени, динамични настапи, врвни аудио визуелни ефекти, како и незаборавен огномет.

Градот Скопје, Т-Мобиле и Македонски Телеком ги канат сите граѓани што сакаат да ја дочекаат Новата година на отворено, да бидат дел од овој настан вреден за паметење.

[custom_frame_center][/custom_frame_center]

Датум на објава: 19.12.2013

By | 2013-12-19T15:56:48+00:00 19/12/2013|Македонија|