Фото: Од утре вака ќе изгледаат 10 евра

/, Економија/Фото: Од утре вака ќе изгледаат 10 евра

Фото: Од утре вака ќе изгледаат 10 евра

Новата банкнота од 10 евра, од утре ќе биде пуштена во оптек. Како и новата банкнота од 5 евра и оваа од 10 евра, ќе содржи неколку подобрувања во заштитата.

Холограмот и водениот жиг на банкнотата го прикажуваат портретот на Европа, лик од грчката митологија.

Новата банкнота има уште неколку обележја, на кои треба да им ја отежне работата на фалсифиакторите.

На рабовите има изразени релјефни линии, кои можат да се почуствуваат со благ допир на прстите.

Европската централна банка наведува дека поради искористување на залихите и понатаму ќе издава банкнота од 10 евра од првата серија.

Тие ќе бидат во оптек истовреме со новите банкноти.

[custom_frame_center]Фото: Од утре вака ќе изгледаат 10 евра[/custom_frame_center]

Извор: www.puls24.mk

Датум на објава: 22.09.2014

By | 2014-09-22T13:58:52+00:00 22/09/2014|Банки, Економија|