Во ОКТА пуштен во употреба дренажен канал за подземни води

/, Нафтени деривати/Во ОКТА пуштен во употреба дренажен канал за подземни води

Во ОКТА пуштен во употреба дренажен канал за подземни води

Во рафинеријата ОКТА денеска официјално беше пуштен во функција подземниот дренажен канал со должина од 600 метри до населеното место Бујковци и ОКТА со кој се регулира нивото на подземните води.

Со инвестиција од над 80 илјади евра е завршен подземниот дренажен канал со кој се регулира нивото на подземните води, се зафаќаат, одведуваат и евентуално прочистуваат пред да се влејат во Сува Река. Со тоа се спречува можноста од поплавување на имотите и домаќинствата во Бујковци. Истовремено, доколку се укаже потреба постои можност за пречистување на овие води преку пречистителната станица на ОКТА со што значително се придонесува за почиста и поздрава животна средина, рече главниот извршен диркетор на ОКТА Атанасиос Паспалиарис по пуштањето на каналот во функција.

Проектот, како што истакна, ќе придонесе за решвањето на проблемот со високото ниво на подземни води и поплавени подруми што долго време го мачеше населението на Бујковци и на општина Илинден.

Градоначалникот на Илинден Жика Стојановски посочи дека меѓусебната соработка на општината со компаниите и граѓанската иницијатива се клучот на успехот за реализација на проекти кои ја подобруваат животната средина.

Граѓанската иницијатива, граѓанскиот сектор, нивните предлози, општината, компанијата ОКТА и централната власт се клучот кој доведе до реализација на денешниот проект. Неговата изработка треба да значи поздрава животна средина за граѓаните на Бујковци, рече Стојановски.

Тој нагласи дека заложбата на општина Илинден е подобрување на животната средина и создавање услови за живеење во здрава средина.

[custom_frame_center]Во ОКТА пуштен во употреба дренажен канал за подземни води[/custom_frame_center]

Извор: www.utrinski.com.mk

Датум на убјавa: 25.07.2012

By | 2012-07-25T15:49:32+00:00 25/07/2012|Економија, Нафтени деривати|