Директен Лет Дo Австралија

//Директен Лет Дo Австралија

Директен Лет Дo Австралија

Македонија ќе воспостави авиосообраќај со Австралија. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Дејан Мојсоски, денеска ќе потпише Меморандум за разбирање за код-шер воздушен сообраќај со воздухопловната власт на Австралија.

Во името на воздухопловните власти на Австралија, меморандумот ќе го потпише амбасадорката на Австралија во Белград, Хелена Студерт. Co потпишувањето на овој меморандум ќе се овозможи воведување комерцијални аранжмани за патниците од двете земји.

Co овој договор се овозможуваат оптимални пазарни услови за авиокомпаниите што се заинтересирани за првпат да воспостават директни летови меѓу Македонија и Австралија.

[custom_frame_center]Директен лет дo Австралија  [/custom_frame_center]

Извор: Fokus

Датум на објава: 14.05.2012

By | 2012-05-14T14:59:23+00:00 14/05/2012|Авиосообраќај|