Едукативната платформа Brainster се лансираше

/, Образование/Едукативната платформа Brainster се лансираше

Едукативната платформа Brainster се лансираше

Ви соопштуваме дека се лансираше новата платформа Brainster.
Визијата на Brainster е да го претвори градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.
Уште првиот ден од лансирањето на Brainster ќе може да најдете различни курсеви, од „курс за фотографија“ до курс за „Storytelling: Како да пишувате за странски медиуми“ кој можете да го добиете за неверојатно ниска цена. Иако инструктрите сами ја одбираат цената по која ќе го понудат курсот, ние ги советуваме таа да биде достапна за сите.
Brainster ќе функционира на следниот начин: Инструкторите го поставуваат курсот на платформата, ја формираат цената, бројот на слободни места и ја одбираат локацијата. Слушателите ги одбираат курсевите преку платформата, со можност за попусти и награди како мотивација да учат и посетуваат курсеви, а инструкторите ќе бидат исплатени во зависно од интересот за нивниот курс. Brainster како платформа ќе задржи процент. Секој може да се вклучи, стартува курс и да заработува од едукативната платформа, а првите курсеви се веќе поставени на платформата и ќе се одржат на многу кул локации како co-working простории, акселератори, инкубатори, работилници па дури и во кафулиња.

Сигурен сум дека ќе бидат заинтересирани да посетите еден од бесплатните курсеви кои инструкторите ги креираа за Вас:
–    Стартап Викенд Академија: Од идеја до успешен бизнис
–    Запознавање со Laravel: Целосна веб апликација од нула
Доколку сеуште не сте се регистрирале на платформата, сега е вистинско време да го направите тоа и да се вклучите во BRAINSTER заедницата!
Формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на пазарот на труд. Ние ќе го промениме начинот на кои луѓето учат нови вештини засекогаш.
По повод започнувањето со работа на Brainster би сакале на сите читатели да им овозможиме посебна прилика за учество на било кој од курсевите со попуст од 20% со внесување на промотивниот код  brainster20. Купонот за попуст може да се искористи до 26 Октомври.
Ние започнавме револуција во образованието, приклУЧЕТЕ ни се!
Учи, сподели, вмрежи се, Brainster.-рече Петар Ниновски

www.pressclipping.com.mk