„Осигурување Македонија“ дел од силната „Виена иншуранс груп“

//„Осигурување Македонија“ дел од силната „Виена иншуранс груп“

„Осигурување Македонија“ дел од силната „Виена иншуранс груп“

 

Домашната компанија, до пред извесно време позната како „Осигурување Кјуби Македонија“, од неодамна е дел од „Виена иншуренс груп“, австриски гигант што е број еден во осигурителниот бизнис во централна и во источна Европа

 Со неодамнешната аквизиција од страна на „Виена иншуренс груп“ етаблираната домашна компанија „Осигурување Македонија“ се приклучи на најсилната групација на полето на осигурителниот бизнис во централна и во источна Европа. Брендот до неодамна познат како „Осигурување Кјуби Македонија“ сега е под чадорот на австрискиот гигант што преку своите компании во земјава оствари премии во износ од 13.1 милиони евра во првата половина на 2013 година.

– Стратегијата за раст и за напредување на ВИГ се темели на долгорочни инвестиции. Притоа, се фокусираме на одржлив развој на премиите и профитот. Нашата цел е да бидеме една од најдобрите осигурителни компании на секој пазар. Неодамнешното проширување на нашите активности во Македонија го покажува токму тоа. Со преземањето на „Осигурување Македонија“, “Виена иншуранс груп“ е сега број еден на осигурителниот пазар во Македонија. Покрај тоа, ние сме многу среќни што успеавме да го зголемиме семејството ВИГ со уште еден, добро етаблиран, осигурител во Македонија – рече Франц Козина, заменик-генерален директор на “Виена иншуранс груп“ на денешната прес-конференција.

Како резултат на промената на сопственоста, познатото домашно осигурително друштво целосно се ребрендира. Освен со ново име, компанијата комплетно го освежи својот севкупен имиџ за што најдобар пример е логото. Тоа укажува на вкрстување на две исклучителни вредности – долгогодишното искуство и познавање на домашниот пазар од „Осигурување Македонија“ со динамичноста, меѓународното искуство и со знаењето на „Виена Иншуренс Груп“.

– Со добивањето на довербата на групацијата ВИГ ја зајакнуваме позицијата на пазарот во Македонија. „Осигурување Македонија“ е компанија со солвентност  шест до седумпати над законски задолжителната и со индекс на ликвидност 2.50 што ја гарантира финансиската стабилност за нашите клиенти во секое време. Имаме доверба од клиентите за обнова на полисите до 90% кај повеќе продукти „неживот“. Осигурениците може да се потпрат на нашето искуство и ефикасност во сите сегменти од услугата. Новото име и симболиката на логото на „Осигурување Македонија“ кореспондираат со традицијата, а се фокусираат на иднината преку пораките на брендот: сигурност, искуство, доверба, брзина на услуга за нашите клиенти.  Цврсто држејќи се до овие принципи и поддржани од извонредните познавања на „Виена иншуренс груп“ на регионалните потреби и во следните години ќе газиме по патеката на одржлив развој – истакна генералниот менаџер на „Осигурување Македонија“, Бошко Андов.

„Осигурување Македонија“ скоро 70 години е синоним за осигурување во земјава, како и за доверба, сигурност и финансиска стабилност. Основана е во 1945 година како Државен осигурителен завод (ДОЗ). Со последната приватизација во 2013 стана дел од „Виена иншуренс груп“.

За „Виена иншуренс груп“:

– Долгогодишно искуство на пазарите за осигурување во Централна и Источна Европа

– ВИГ е водечка осигурителна групација во Македонија

VIG на македонскиот осигурителен пазар

Vienna Insurance Group е активна во Македонија преку своите компании од групацијата, Winner и Winner Life, уште од 2007 година. Winner и Winner Life остварија премија во висина од 669.6 милиони денари (околу 11,9 милиони евра) во 2012 година.

Заедно со Осигурување Македонија, македонските компании од групацијата VIG остварија премии во износ од 802.7 милиони денари (13.1 милиони евра) во првата половина на 2013 година, а исто така забележаа комбиниран пазарен удел во висина од 24,6 проценти во првиот квартал на 2013 година.

Vienna Insurance Group (VIG) е водечко име во Австрија, како и во централна и во источна Европа на полето на осигурувањето. Околу 50 компании во 24 земји формираат група со долгогодишна традиција, силни брендови и блиска поврзаност со корисниците. „Виена иншуренс груп“ има речиси 190 години искуство во осигурителниот бизнис. Со 24.000 вработени ВИГ е јасен лидер во пазарите каде што работи. Компанијата е извонредно позиционирана да ги искористи можностите за развој на долг рок во регион со 180 милиони луѓе. Vienna Insurance Group е фирма со најдобар рејтинг на ATX, водечкиот индекс на виенската берза. Акциите на ВИГ котираат и на берзата во Прага.

Датум на објавата: 12.09.2013

By | 2013-09-12T12:59:01+00:00 12/09/2013|Осигурување|