Скопскиот аква-парк се отвара на 15 јули

//Скопскиот аква-парк се отвара на 15 јули

Скопскиот аква-парк се отвара на 15 јули

Аква-паркот зад салата “Борис Трајковски” свечено ќе се отвори на 15 јули.

“ Модeрниот аква-парк се очекува да биде голема туристичка атракција, но и рекреација за скопјани. Во него, освен за возрасни ќе има и „детски свет“ со содржини од „Пиратите од Карибите“. Тој ќе работи во две смени од 11 до 17 часот и од 18 часот до полноќ, кога ќе биде можно и ноќно капење”, објaсни Ратко Капушевски директор на салата “Борис Трајковски”.

Паркот вреден 4,2 милиони евра зафаќа  површина од 12 илјади метри квадратни веднаш до хотелот „Александар Палас“.Тој има десет тобогани, мрзлива река и „ноќни ефекти“.

Цената на дневен билет за аква-паркот ќе изнесува 350 денари и се очекува да го користат семејствата кои имаат деца на школска возраст.

[custom_frame_center]Скопскиот аква-парк се отвара на 15 јули[/custom_frame_center]
Извор:  www.skopjeinfo.mk
Датум на објава: 02.07.2013
By | 2013-07-02T14:47:44+00:00 02/07/2013|Македонија|