Ќе се подигнува јавната свест за злоупотребата на социјалните мрежи во скопските средни училишта

/, Македонија, Телекомуникации/Ќе се подигнува јавната свест за злоупотребата на социјалните мрежи во скопските средни училишта

Ќе се подигнува јавната свест за злоупотребата на социјалните мрежи во скопските средни училишта

Од 15-ти септември во сите скопски средни училишта ќе биде спроведена едукација, со цел подигање на јавната свест за злоупотребата на социјалните мрежи.

Градот Скопје и Дирекцијата за заштита на личните податоци потпишаа договор за соработка.

„Една од генералните причини што Градот Скопје се вклучува во еден ваков проект и во целост даваме поддршка за реализација, истакна тој, се податоците добиени од проектот за набљудување на криминалот од омраза на Македонскиот Хелсиншки комитет, според кој во 2013 година биле регистрирани 116 злосторства од омраза, а најчести сторители и жртви се токму малолетниците“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Димитар Георгиев, изрази задоволство за поддршката што Градот Скопје ја дава за проектот „Час по приватност“, и истакна дека Дирекцијата континуирано спроведува иницијативи и проекти за подигање на јавната свест, особено, како што рече, кај целните групи опфатени во образовниот процес.

[custom_frame_center]Ќе се подигнува јавната свест за злоупотребата на социјалните мрежи во скопските средни училишта[/custom_frame_center]

Извор: www.mrt.com.mk

Датум на објава: 04.09.2014