1800 денари комплет карти за “Офф-фест”

/, Македонија, Музика/1800 денари комплет карти за “Офф-фест”

1800 денари комплет карти за “Офф-фест”

Популарната индиска ситаристка Анушка Шанкар ќе го отвори Фестивалот на 1 јуни во Универзалната сала.

Илјада и осумстотини денари чини комплетот билети за сите вечери за 12  издание на ” Офф-фест”, кој ќе трае од 1 до 6 јуни, во организација на Скопскиот џез фестивал.

Картата за концертот на популарната индиска ситаристка Анушка Шанкар и нејзиниот актуелен рага-фламенко проект “Травелер”, што ќе го отвори Фестивалот на 1 јуни во Универзалната сала, чини 800 денари, односно 1000 денари за место во некоја од ложите.

Билетот за насгапите на турското “Таксим трио”, како и проектот “Биоскопија” на Елена Христова и Горан Трајкоски (2 јуни, МОБ) чини 500 денари.

Влезницата за словенечката фупа “Брина” (4 јуни, кино ” Фросина)” ќе чини 200 денари. За концертите на колумбиски-те “Буена Виста Соушлклаб”

“Ондатропика” и на мароканско-сенегалската комбинација Азиз Самауи и неговиот бенд “Универзиту оф гнава” (5 јуни, МОБ), публиката ќе плати 500 денари.

Билетот за затворањето, на 6 јуни во МОБ, со атрактивниот аудиовизуелен перформанс на финскиот виртуоз на хармониката Кимо Похјонен и концертот на јужнокорејските инсгрументалисти “Тори ансамбл” чини 500 денари.

Картите се продаваат во “Југотон рекордс”, “Пола Југотон”, МОБ, Универзална сала и на www.karti.com.mk.

[custom_frame_center]1800 денари комплет карти за “Офф-фест” [/custom_frame_center]

Извор: Вест

Датум на објава: 23.04.2013

By | 2013-04-23T13:54:03+00:00 23/04/2013|Култура, Македонија, Музика|