Македонски јазол за Интернет сообраќај

//Македонски јазол за Интернет сообраќај

Македонски јазол за Интернет сообраќај

Пониски цени и побрз и посигурен Интернет се очекува со воспоставувањето на заедничкиот јазол за Интернет сообраќајот во Македонија Матрикс. Интернет протокот ќе се одвива само преку домашниот јазол, со кој ќе се поврзат околу 100 домашни Интернет сервис провајдери, наместо преку таквите точки во Виена или во Софија. Инвестицијата за просторот и опремувањето на националната точка за поврзување на целиот Интернет изнесува 300 илјади евра. Интерес за поставување на серверите во македонскиот Матрикс има и од светскиот пребарувач Гугл. Систем салата ќе биде функционална за десетина дена.

[custom_frame_center]Македонски јазол за Интернет сообраќај[/custom_frame_center]

Извор: Вест

Датум на објава: 19,03,2014

By | 2014-03-19T13:56:45+00:00 19/03/2014|Телекомуникации|