400 Милиони Денари за Обнова на Универзална Сала

//400 Милиони Денари за Обнова на Универзална Сала

400 Милиони Денари за Обнова на Универзална Сала

Владата ќе почне со комплетна реконструкција и доградба на Универзалната сала во Скопје. За реализиација на проектот Владата обезбеди 400 милиони денари од буџетски извори. Универзална сала ќе биде со капацитет од 1500 места со помошна помала сала со капацитет од 100 места.

Универзална сала конечно ќе заличи на модерна установа. Лошата вентилација, слабото греење, дотраената опрема ќе станат минато.

Освен што објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед, се останато ќе биде променето. Нов ентериер, нова опрема, изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1500 места и изградба на додатна сала со 100 места плус ќе ја красат Универзална сала.

Новиот објект на Универзалната сала во Скопје ќе ги запази сите најмодерни, најсовремени стандарди за функционирање за престој на вработените, на изведувачите на културни претстави и на самите посетители. Ќе бидат комплетно реновирани и реконструирани 2700 метри квадратни основен, и 1150 метри квадратни помошен простор, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада на Р.Македонија.

Посетителите повеќе нема да лутаат додека да се паркираат. Ќе биде изграден и  поздемен паркинг простор на две нивоа.

Веќе се обезбедени изработени иден основен и изведбен проект кои што се однесуваат на изградбата, реконструкцијата, доградбата во сите нејзини фази за партерното уредување, за уредувањето на паркинг просторот, за засилувањето на челичната и бетонската конструкција на самиот објект додаде Ѓорѓиев.

Реконструкцијата ќе започне откако ќе биде избран изведувачот. За овој проект Владата обезбеди 400 милиони денари а се очекува да биде завршен за период не подолг од 18 месеци.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 20.08.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Елена Бошковска

By | 2012-08-21T02:27:08+00:00 21/08/2012|Култура|