Аеродром на Вода за да се Привлечат што Повеќе Туристи

/, Туризам/Аеродром на Вода за да се Привлечат што Повеќе Туристи

Аеродром на Вода за да се Привлечат што Повеќе Туристи

Доколку има интерес и Владата најде стратешки партнер за проектот хидроаеродром ќе бидат запазени сите европски и еколошки стандарди. Целта е привлекување што поголем број туристи.[custom_frame_right][/custom_frame_right]

Тоа го изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кометирајќи ги реакциите за проектот хидроаеродром, за којшто вчера Министерството за транспорт и врски распиша повик за покажување интерес од компаниите.

– Сакам да истакнам дека воопшто не се работи за изградба на писта на Охидското Езеро. Имаше такви шпекулации пред се за дневно политички цели. Се работи за аеродром, што ќе биде означен, и ќе се овозможи на хидро авиони да слетуваат и да полетуваат од Охридското Езеро. Ова е права фаза во која утврдуваме дали има компанија во светот што ќе биде заинтересирана за ваква инвестиција, рече Јанакеиски.

Доколку има интерес ќе се подготвува студија и, како што рече, поставувањето ваков аеродром ќе биде согласно сите стандарди.

– Не случајно во нашиот повик потенциравме дека Охрид е град на УНЕСКО. Одговорно тврдам дека доколку во иднина има интерес и Владата најде стратешки партрнер за изградба на таков аеродром тоа ќе биде согласно сите европски стандарди и ќе бидат запазени сите еколошки стандарди. Воопшто не станува збор за изградба на писта асфалт на Охридското Езеро. Нашата цел со сите чекори што ги правиме да привлечеме што повеќе туристи во Охрид и во целиот регион, појасни министерот за транспорт.

За проектот, додаде, ќе треба да се усогласат односите со ТАВ како концесионер на аеродромите бидејќи е планирано хидро аердромот да се гради во близина на сегашниот аеродром „Св. Апостол Павле“ за да се искористи опремата на Агенцијата за цивилно воздухопловство и М – НАВ за безбедно полетување и слетување на авионите.

Со барањето од Министерството за транспорт и врски за интерес за учество во изградба на нов аеродром на вода на Охридското Езеро, преку доделување концесија или со договор за јавно – приватно партнерство ќе биде избран партнер кој ќе биде одговорен за имплементација и реализација на проектот. Предвидено е во проектот да биде вклучено финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода. Изјавата за интерес со краток опис на активностите и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните три години треба да се достави најдоцна до 10 декември годинава.

[custom_frame_center]Аеродром на Вода за да се Привлечат што Повеќе Туристи[/custom_frame_center]

Превземено: www.ekonomski.mk

Датум на објавата: 15.11.2012

By | 2012-11-16T11:34:48+00:00 16/11/2012|Авиосообраќај, Туризам|