Алкалоид Доби Интегрирана Еколошка Дозвола

/, Здравство/Алкалоид Доби Интегрирана Еколошка Дозвола

Алкалоид Доби Интегрирана Еколошка Дозвола

Интегрирана еколошка дозвола е потфат за кој Алкалоид вложи повеќе од половина милион евра, а е дел од усогласувањето со законската регулатива во земјава и со закoнодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето.

Алкалоид АД – Скопје ги почна подготовките за добивање Интегрираната еколошка дозвола уште во 2007 година. Денеска на генералниот директор на Алкалоид АД – Скопје, Живко Мукаетов дозволата  му ја врачи министерот за животна средина и просторно планирање  Абдилаќим Адеми.

Со добивањето на оваа дозвола Алкалоид АД – Скопје се вброи во листата на одговорни компании кои во текот на секојдневните производствени операции се грижат и водат сметка за интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина, соопшти компанијата.

[custom_frame_center]Алкалоид доби интегрирана еколошка дозвола[/custom_frame_center]

Извор: www.mkd.mk

Датум на објава: 21.05.2012

By | 2012-05-21T14:32:38+00:00 21/05/2012|Eкологија, Здравство|