Алкалоид Најтргувана Акција во Ноември

//Алкалоид Најтргувана Акција во Ноември

Алкалоид Најтргувана Акција во Ноември

Алкалоид е убедливо најтргуваната акција на Македонската берза во ноември, со која е остварен промет од речиси пола милион евра (502.203 евра). Тоа е дури 44% од вкупниот промет со акции на официјалниот пазар.[custom_frame_right][/custom_frame_right]

Во трк ја следи акцијата на Комерцијална банка со месечен промет од 354.256 евра, додека другите далеку заостануваат. Во топ 5-те најтргувани се акциите на градежното претпријатие Гранит и на компаниите од областа на хотелиерството Македонија турист и Интернешнел хотелс.

[custom_frame_center][/custom_frame_center]

На Македонската берза во минатиот месец е остварен вкупен промет од 22,6 милиони евра, што е раст од дури 522,45% во однос на октомври, а се должи на пет блок трансакции со вредност од 19,6 милиони евра. Главниот берзански индекс МБИ 10 бележи минимален пад од 0,8%, но се уште е на ниско ниво од 1.728,15 поени.

Сепак, пазарната капитализација на компаниите котирани на Македонската берза во ноември е зголемена за 4,93% и изнесува 1,8 милијарди евра.

[custom_frame_center]Алкалоид Најтргувана Акција во Ноември[/custom_frame_center]

Превземено: www.kapital.mk

Датум на објавата: 10.12.2012

By | 2012-12-11T11:24:14+00:00 11/12/2012|Берза|