Анализи

/Анализи
Анализи 2017-06-09T18:06:09+00:00

Анализи

Еден од најважните сегменти во односите со јавност се односите со медиумите,  а со таа интеракција се креира и содржината на медиумските објави. Компаниите ,главно,  си поставуваат јасни цели кога се работи за односите со јавноста. Основното прашање не е дали треба да се мерат, туку според кој метод  да се мерат, и на крајот кој е корисник на добиените податоци. Користењето на површен аналитички модел може потполно да ја намали вредноста и вистинската работа на професионалецот и советникот за односи со јавноста. Така на пример, на квалитетно изработената работа може да и’ биде маргинализирана вредноста, додека некоја лошо изработена работа може да остане скриена и замаглена.

Анализата е важна повратна информација која може да поттикне конкретна акција или да ве одврати од акција. Press Clipping со текот на времето разви свои начини за анализирање на ефектите од комуникациите. Тие одговараат на клучните прашања поврзани со управувањето со идентитетот и препознатливоста на нашите клиенти во јавноста.

Контакти за нарачка:

anita.popovska@pressclipping.com.mk
goran.stojanovic@pressclipping.com.mk

Телефони за контакт:

+389 2 3094 025
+389 70 268 208