„Аутомобиле СК“ Застапник за Легендарниот „ЏИП“

//„Аутомобиле СК“ Застапник за Легендарниот „ЏИП“

„Аутомобиле СК“ Застапник за Легендарниот „ЏИП“

[custom_frame_right][/custom_frame_right] „Аутомобиле СК“ е новиот ексклузивен увозник на легендарната американска марка „џип“. Веќе 16 години оваа компанија успешно егзистира на македонскиот автомобилски пазар застапувајќи ги италијанските марки од групацијата ФИАТ. Од оваа година благодарение на стратегиското соединување на ФИАТ и „Крајслер“, портфолиото на „Аутомобиле СК“ се проширува со марката која е синоним за офроуд-возила – „џип“.

Во понудата можат да се најдат легендарниот „вранглер“, кој корените ги влече од воениот џип „вилис“, урбаниот „џип компас“, како и добро познатиот „гранд чироки“. „Вранглер“ ќе се нуди во две изведби, со три и со пет врати, и со три нивоа на опрема – „спорт“, „сахара“ и „рубикон“.

„Компас“ е урбаниот џип, а прв пат ќе се нуди „џип“ со погон на предните тркала. Големиот „гранд чироки“ е на врвот во понудата.

Цените на „вранглер“ почнуваат од 36.500 евра, на „компас“ од 22.700 евра и од 51.000 евра за „гранд чироки“.

„Џип“ е марка која претставува слобода и автентичност. Пред седумдесет години се појавил за потребите на американската војска. Но, оттогаш американската марка продолжи да се развива лансирајќи модели за цивилниот пазар за задоволување на потребите за мобилност и желбата за сопствена слобода.

[custom_frame_center]„Аутомобиле СК“ Застапник за Легендарниот „ЏИП“[/custom_frame_center]

Превземено: www.utrinski.com.mk

Датум на објавата: 03.10.2012

Автор: Ек.Р.

By | 2012-10-04T08:45:09+00:00 04/10/2012|Автомобили|