Авон Македонија донира 15.000 долари за кампањата за борба против ракот на дојка

/, Македонија/Авон Македонија донира 15.000 долари за кампањата за борба против ракот на дојка

Авон Македонија донира 15.000 долари за кампањата за борба против ракот на дојка

Компанијата Авон Македонија за здружението „Борка – за секој нов ден” донираше 15.000 долари за продолжување на традицијата и одржување на постоечкиот СОС број 0800 55 777 и за отворање на нова мобилна СОС линија 075 22 88 99.

Новата СОС линија е достапна седум дена во неделата од 9 до 21.00 ч. Со новата донација ќе се реализираат и нови едукации на жените за самопреглед, и тоа во општините во Македонија каде е евидентирана највисока стапка на смртност од овој вид карцином.

На единствената бесплатна СОС линија која Авон Македонија ја отвори во 2006 година во партнерство со здружението „Борка“ досега се јавиле повеќе од 12.000 лица, а бројот на повици од ден на ден сè повеќе се зголемува. Истовремено, последната достапна статистика од 2012 година од GLOBOCAN (IARC) покажува дека во земјата годишно се регистрирани 1.152 новодијагностицирани пациенти, што е за речиси 40% повеќе од претходната година. Од комапнијата велат дека ги увиделе овие потреби и токму затоа со новата донација овозможуваат надградување на услугата, со цел што поголем број пациенти, жени, семејства да добијат помош, совет или информација.

повеќе: http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/avon-makedonija-donira-15000-dolari-za-kampanjata-za-borba-protiv-rakot-na

 

[custom_frame_center shadow=”on”][/custom_frame_center]

Извор: www.mkd.mk

Датум на објава: 30.10.2014

By | 2014-10-30T14:49:12+00:00 30/10/2014|Козметика, Македонија|