Бензините да поскапат за два денара, а дизел-горивата за три денари по литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Од полноќ, новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 82,5 денари за литар, а еуросупер БС-98 се продава за 84 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е В) отсега ќе чини 71,5 денар, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, за 2,5 денари се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе се продава за 45 денари за килограм.
[custom_frame_center][/custom_frame_center]
Извор: www.novamakedonija.com.mk
Датум на објава: 31.07.2012