Бензинот Поскапува за 5 Денари

//Бензинот Поскапува за 5 Денари

Бензинот Поскапува за 5 Денари

Цената на нафтените деривати се зголемува во просек за 6,8 проценти. Регулаторната комисија за енергетика одлучи бензинот да поскапи за пет денари за еден литар, додека дизелот за четири денари. Од вчера, новата цена на „еуросупер БС95″ изнесува 80,50 денари за еден литар, а еден литар „еуросупер БС98″ чини 82 денари. Новата повисока цена на „еуродизелот” изнесува 68,50 денари за еден литар, а екстралесното масло за домаќинство чини 57 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 се зголемува за 3,077 денари за еден килограм и ќе изнесува 42,46 денари.

Ваквата одлука од Регулаторната комисија за енергетика ја оправдуваат со тоа што просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 дневен период изнесуваше 99,603 долари за еден барел и е за 8,28 проценти повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Дополнително, како репер се зема и курсот на денарот, објаснуваат од Комисијата, а курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14 дневен период изнесуваше 49,8921 денари за еден долар и беше за 1,84 проценти повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените. Изминатиот период цената на бензините имаше неколукратно намалување по претходниот рекорден скок. Вчерашното зголемување на цената од Регулаторната комисија за енергетика е речиси половина од износот за кој досега беше намалена.

Регулаторна комисија за енергетика, бензин, еуросупер БС95, еуросупер БС98, мазут, нафтените деривати

[custom_frame_center]Бензинот Поскапува за 5 Денари[/custom_frame_center]

Превземено: Ден

Датум на објавата: 17.07.2012

By | 2012-07-17T07:51:39+00:00 17/07/2012|Нафтени деривати|