Берово СПА Дестинација на Балканот

//Берово СПА Дестинација на Балканот

Берово СПА Дестинација на Балканот

Берово добитник на награда најбрзо развиена СПА дестинација. Меѓународната жири – комисија воодушевена од Берово на Балканските СПА награди.

Берово СПА дестинација на Балканот. Во конкуренција од познатите СПА дестинации од Грција, Бугарија, Србија, Романија, Берово од Македонија со својата питома природа и со традицијата обогатена со современите форми на туризмот,  ја воодушеви  меѓународната жири – комисија од првата манифестација за Балкански СПА награди што викендов се одржа во Ќустендил соседна Бугарија, каде што се собра  џет – сетот од балканската СПА индустрија. Берово ја доби престижната награда за најбрзо развиена СПА дестинација на Балканот.

Берово да го претвориме од едно мало планинско гратче во атрактивна туристичка дестинација за туристи од целиот свет. Оваа награда се надевам дека ќе ги отвори вратите уште повеќе.

Дека Македонија може да се носи рамо до рамо со познатите Балкански центри беше потврдено и со уште две награди кои ги добија македонските претставници: Хотелот Аурора од Берово, ја освои првата награда за најдобар СПА хотел од областа на планинскиот туризам, додека струмичкиот Сириус, каде на 1500 метри квадратни се гради најголемиот СПА центар на Балканот ја доби наградата за најголема инвестиција во областа на туризмот за оваа година.

Спа номинациите се веќе светски бренд, а целта е да се обединат  Балканските СПА дестинации и да се направи прекрасна манифестација, ни рече Николај Диковски од организацијата СПА номинации.

Џет – сетот од балканскиот СПА турзиам испрати порака дека Балканот знае да се обедини и заеднички да ги промовира природните раритети и дестинации кои се гордост на поединечните земји.

Превземено: Канал 77

Датум на објавата: 03.09.2012

Термин: 14.00 часот

By | 2012-09-04T04:00:51+00:00 04/09/2012|Туризам|