Бесплатни Минути, СМС Пораки и Интернет за Сите Припејд Корисници

//Бесплатни Минути, СМС Пораки и Интернет за Сите Припејд Корисници

Бесплатни Минути, СМС Пораки и Интернет за Сите Припејд Корисници

Од денес започнува сезоната на новогодишни изненадувања во Вип. За сите свои припејд корисници Вип подготви специјални подароци.

Имeно, сите припејд корисници со секое надополнување од кој било износ добиваат 100 бесплатни минути во мрежата на Вип, 100 СМС пораки во мрежата на Вип, како и 100 МБ бесплатен интернет. Бесплатните минути, СМС пораки и интернет корисниците ги добиваат без потреба од дополнителна активација или надоместок, туку едноставно само со надополнување на нивната припејд сметка без разлика на износот кој го надополнуваат. 100-те бесплатни минути, СМС-и и МБ интернет треба да се искористат во период од 7 дена од последната надополна на припејд сметката.

– Нудејќи им повеќе можности за среќа и радост на нашите корисници за време на претстојните празници, продолжуваме да го исполнуваме нашето ветување – Повеќе за вас. Радоста од претстојните празници е уште поголема доколку ја споделиме со најблиските. Затоа Вип, и овој пат, на сите свои припејд корисници им овозможи, со бесплатни разговори, СМС пораки и интернет во мрежата на Вип, да ги споделат своите празнични честитки, изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Вип.

Промоцијата е со важност до 31 јануари 2013 година.

Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 077 1234 или на www.vip.mk.

[custom_frame_center]Бесплатни Минути, СМС Пораки и Интернет за Сите Припејд Корисници[/custom_frame_center]

Превземено: www.tocka.com.mk

Датум на објавата: 04.12.2012

By | 2012-12-05T10:42:15+00:00 05/12/2012|Телекомуникации|