БиМилк на Кооперантите им Додели Компјутерска Опрема

//БиМилк на Кооперантите им Додели Компјутерска Опрема

БиМилк на Кооперантите им Додели Компјутерска Опрема

Битолската млекарница БиМилк на своите поголеми кооперанти фармери им додели компјутерска опрема која ќе ја инсталираат во своите фарми со што ќе им се овозможи поефикасен начин во работата при производството на млеко.

На денешната средба со новинарите во Битола Златко Најдовски директор за суровина во БиМилк, посочи дека една од стратешките определби на млекарницата се здравите семејни фарми кои во наредниот период ќе бидат носител на производството на млеко.

– Првата фаза со лактофризерите е веќе зад нас и успешно завршена, донесовме 574 јуници, а во меѓувреме ќе инвестираме во знаење. Кај неколку водечки фарми ќе поставиме компјутер со софтвер за контролирање на трошоците на фармата, со цел да постигнеме квантитет на млекото и квалитет во хемиска и микробиолошка смисла, посочи Најдовски.

Во БиМилк очекуваат до крајот на годината да го исполнат највисокиот светски стандард за квалитет на млеко со што ќе се зголеми понудата од македонско млеко на странските пазари.

– Дневно откупуваме по 100 тони млеко, но тоа не ги задоволува нашите потреби бидејќи тие се поголеми. Во секој случај ќе продолжиме со откупот на домашно млеко, а секој фармер што ќе земе повеќе јуници ќе добие и компјутер со софтвер за својата фарма, истакна Најдовски.

Битолските фармери ја поздравија иницијативата на БиМилк и потврдија дека дијалогот со битолската млекарница функционира. Тоа ги мотивира да го зголемат производството на млеко, а како што велат, со подарената технологија од БиМилк ќе ги имаат на увид сите потребни информации за ефикасно работење.

[custom_frame_center]БиМилк на Кооперантите им Додели Компјутерска Опрема[/custom_frame_center]

Превземено: www.kurir.mk

Датум на објавата: 15.06.2012

By | 2012-06-16T04:12:21+00:00 16/06/2012|Млеко|