BRAINSTER започна револуција во образованието

//BRAINSTER започна револуција во образованието

BRAINSTER започна револуција во образованието

Како што Airbnb го промени начинот на кој ги планираме патувањата, така Brainster ќе го промени начинот на кој учиме.  Ние веруваме дека секој од нас поседува практични вештини за да предава и постојана потреба да стекнува нови знаења. Brainster.co веб сервисот  ќе им овозможи на сите со практично знаење да им понудат курсеви на останатите луѓе од заедницата.

Нашата визија е да го претвориме градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.

Braisnter платформата е создадена за да го направи учењето на практични вештини достапно за сите. Секој ќе може да научи како да ја изработи својата прва IOS мобилна апликација од локални експерти кои веќе ги продаваат своите апликации глобално,  да научи како да започне сопствен бизнис од претприемачи кои во своето портфолио имаат неколку успешни бизниси или да ги научи тајните на уличната фотографија од експерти кои работат за познати светски медиуми.

Зошто треба да бидете инструктор на Brainster?

Чувствувате потреба да придонесете за заедницата, но истовремено и да остварите дополнителна заработка. Преку Brainster ја имате таа можност, како и да се вмрежите со луѓе со исти или слични интереси, да изградите личен бренд, а и можност на самите курсеви да пронајдете таленти кои би работеле со Вас.

Зошто треба да учите на Brainster?

Со самото тоа што ќе бидете дел од Brainster заедницата, ќе можете да научите пракитчни (real-world) вештини од локални експерти и за секој посетен курс ќе добиете сертификат и препорака. Во исто време ќе можете да работите на реални проекти, да се вмрежите со истомисленици, и да го пронајдете и/или до-развиете Вашиот талент.

Формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на пазарот на труд,  денес. Ние ќе го промениме начинот на кои луѓето учат нови вештини засекогаш.

Brainster не е само платформа која ја изградивме, Brainster е нешто многу поголемо – Brainster е дел од сите нас.  Brainster е заедница создадена со единствена цел, да ни помага да ја направиме размената на знаење едноставна и забавна.

Почнувајќи од октомври Brainster.co платформата ќе биде достапна само во  Скопје, но планот е до крајот на 2016 да се прошири во други градови како Атина, Софија и Берлин.  Brainster започнува со работа оваа година и е стартап финансиран од Македонските Бизнис Ангели. Обуките ќе се оддржуваат на различни локации, како co-working простории, акселератори, инкубатори, работилници па дури и во кафулиња.

Дали сакате да бидете Brainster?
Регистрирајте се на платформата до 1 октомври и добијте 20% попуст на курс по ваш избор!

[custom_frame_center]Brainster-Press-Image-2[/custom_frame_center]

By | 2015-09-22T11:46:25+00:00 22/09/2015|Образование|