Авиосообраќај

/Авиосообраќај
30 08, 2012

Албанска компанија и наш гастербајтер од Австралија ќе ги градат хотелите кај Александар Велики

By | 2012-08-30T11:19:38+00:00 30/08/2012|Авиосообраќај, Економија|

Пресс24 веќе објави дека се доделени 2 градежни парцелиз а изградба на луксузни хотели во близина на скопскиот аеродорм Александар Велики. Според најновите информации кои ги објавува порталот Скопјеинфо, сопственик на едната парцела е албанската фирма Амадеус груп, додека другата парцела ја купил наш повратник од Австралија со фирмата Лид градба. Цената за првата парцена е 299 денари, додека втората парцела за изградба на хотел е продадена по цена од 133 денари за метар квадратен. Хотелот на Ама [...]

21 08, 2012

За Лет до Лондон со „Виз ер” се Плаќа и Над 400 Евра

By | 2012-08-21T02:43:55+00:00 21/08/2012|Авиосообраќај|

Билет во еден правец од Скопје до Лондон со нискобуџетната „Виз ер" следната сабота, на 25 август, чини неверојатни 407 евра. Цената на билетот од лоукост - компанијата речиси се изедначува со трошокот за патување со комерцијален лет со другите авиокомпании кои работат на скопскиот аеродром „Александар Велики". Цените на билети за комерцијалните летови во економската класа се движат од 180 до 280 евра, додека, пак, патување во бизнис - класата може да достигне цена и над 700 евра. Високите цени [...]

30 07, 2012

Отштетите за Патниците Летаат Многу Бавно

By | 2012-07-30T12:40:39+00:00 30/07/2012|Авиосообраќај|

Откажани летови, багаж кој не слетал на истиот аеродром со сопственикот, чекање со часови за полетување, непроспани ноќи на неудобните аеродромски столчиња. За сето ова на патниците им следува оштета од авиокомпанијата, враќање на парите за авионскиот билет или во најмала рака, платено сместување во хотел, храна и пијалаци. Малкумина успеваат да го добијат тоа, но досега ниту еден патник не пријавил во Агенцијата за цивилно воздухопловство АЦВ дека некоја авиокомпанија му ги прекршила правата. Г [...]

19 07, 2012

Скапата Воздушна Патарина ги Брка Авиокомпаниите

By | 2012-07-19T08:16:08+00:00 19/07/2012|Авиосообраќај|

За разлика од намалувањето на бројот на прелети, бројот на патници кои се опслужени на двата меѓународни аеродрома во Македонија во мај се зголеми за 13,5 отсто во споредба со истиот месец лани. Македонија со намалување од 11,6 отсто на бројот на прелети во јуни во однос на истиот месец лани бележи најголем пад на воздушниот сообраќај во Европа. Со ова продолжува негативниот тренд од октомври 2011 година на постојано опаѓање на бројот на воздухоплови кои го прелетуваат македонското небо. Според [...]

25 06, 2012

„Визер“ на македонските граѓани ќе им овозможи евтини летови

By | 2012-06-25T12:00:26+00:00 25/06/2012|Авиосообраќај, Економија|

Од ефтините летови ќар ќе немаат само Mакедонците кои ќе можат повеќе да патуваат во странство, туку и целата држава поради очекуваниот зголемен број на странски гости. Македонија станува достапна дестинација за Eвропејците. Влезот на Виз Eр нема да донесе само повеќе туристи, туку и нови вработувања. Ќе бидат отворени 300 нови работни места. Со зголемениот број на патници ќе има потреба од повеќе вработувања во хотели, ресторани. Дополнителните приливи ќе доаѓаат од зголемениот број туристи, би [...]

20 06, 2012

“Виз Ер“ ќе отвори 300 нови работни места и ќе инвестира 80 милиони евра

By | 2012-06-20T14:12:24+00:00 20/06/2012|Авиосообраќај, Економија, Македонија|

Унгарската авиокомпанија “Виз Ер“ со субвенции од Владата денеска најави оперирање на шест нови дестинации од Македонија по цени кои во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се движат од 8,99 евра до 17,99 евра. По потпишувањето на Договорот за субвенционирање со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, извршниот потпретседател на “Виз Ер“ Џон Стивенсон информира дека инвестицијата за старт со оперирање на новите дестинации ќе ги чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со от [...]

11 06, 2012

Преку Дубаи до Австралија и Побрзо и Поевтино

By | 2012-06-11T07:18:12+00:00 11/06/2012|Авиосообраќај|

Поевтино и побрзо до Австралија. Конечно, се отвора можност многу повеќе Македонци да патуваат кон Азија, Блискиот Исток, Австралија и Русија за попристојни цени и без многу малтретирање. Директната авиолинија од Скопје до Дубаи ќе го скрати времето патувањето и ќе ги намали цените за билет до Австралија. Од октомври нашите иселеници од најмалиот континент, но и од Нов Зеланд и Канада со авиокомпанијата „Флај Дубаи" добиваат можност да патуваат до Македонија многу побрзо и за помалку пари. Дотам [...]

6 06, 2012

Flydubai го Вклучи Скопје во Широката Мрежа на Летови

By | 2012-06-06T11:51:03+00:00 06/06/2012|Авиосообраќај, Македонија|

Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати ќе лета двапати неделно директно до Дубаи [custom_frame_left][/custom_frame_left] Скопје, Македонија, 6 јуни 2012 - Скопје е избрано да биде најновата дестинација на flydubai ("Флајдубаи"), само неколку дена по прославата на тригодишнината од основањето. Со ова, мрежата на иновативната авиокомпанија во централна и во источна Европа се прошири на 15 дестинации во 10 земји, што е најопсежно меѓу превозниците на Блискиот Исток. Услугата од Скопје ќе би [...]

15 05, 2012

Првиот Директен Лет Од Брисел Донесе Белгиски Туристи Во Македонија

By | 2012-05-15T08:20:52+00:00 15/05/2012|Авиосообраќај, Економија|

Првите 90 белгиски туристи оваа сезона допатуваа во земјава. Со првиот редовен лет на авиокомпани-јата „Џетерфлај,, од Белгија, 68 од нив слетаа на скопскиот аеродромот „Александар Велики". Останатите белгиски туристи слетаа на охрид-скиот аеродром „Св. Апостол Павле". Со првиот лет на „Џетерфлај„ од Ма-кедонија одлетаа 57 патници. На туристите кои допатуваа во Скопје и на екипажот на воздухопло-вот Боинг 737-500 топло добредојде им посака генералниот менаџер на „ТАВ Македонија„, Зоран Крстевски [...]

14 05, 2012

Директен Лет Дo Австралија

By | 2012-05-14T14:59:23+00:00 14/05/2012|Авиосообраќај|

Македонија ќе воспостави авиосообраќај со Австралија. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Дејан Мојсоски, денеска ќе потпише Меморандум за разбирање за код-шер воздушен сообраќај со воздухопловната власт на Австралија. Во името на воздухопловните власти на Австралија, меморандумот ќе го потпише амбасадорката на Австралија во Белград, Хелена Студерт. Co потпишувањето на овој меморандум ќе се овозможи воведување комерцијални аранжмани за патниците од двете [...]