Автомобили

Home/Автомобили
15 01, 2014

Компании од автомобилскиот сектор ќе ги финализират преговорите за инвестирање во Македонија

By | 2014-01-15T15:04:23+00:00 15/01/2014|Автомобили, Економија|

Глобални компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија со цел да ги финализираат преговорите за изградба на свои фабрики во земјава. Ова, како што соопшти Дирекцијата за Технолошко индустриски зони, е најавено на средбите што директорот на Дирекцијата Виктор Мизо ги оствари на Automotive News World Congress, кој се одржува во Детроит за време на NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка. Станува збор за америка [...]

1 03, 2013

Електричните автомобили наскоро ќе можат да се возат и во Скопје

By | 2013-03-01T14:27:03+00:00 01/03/2013|Автомобили|

Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар се во преговори со Агенцијата за енергетика за поставување на полначи за електрични возила и велосипеди на пет локации на најфрекфентните места во централното градско подрачје на Скопје, пишува Build.mk. Според информациите објавени на интернет – страницата на Агенцијата за енергетика, првата локација на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велосипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец. Подетални информации за оваа идеја засега не [...]

29 01, 2013

Фолксваген Голф VII доби погон на сите четири тркала

By | 2013-01-29T12:36:55+00:00 29/01/2013|Автомобили|

Германскиот производител на автомобили Фолксваген во пондуата на седмата генерација на Голф го додаде и 4Motion погонот на сите четири тркала. Системот пристигнува во вистинско време со оглед на зимските услови, а компанијата го опишува како најмодерен и најефикасен во светот. 4Motion доаѓа со Халдекс спојка што обезбедува брза реакција без оглед на условите. Погон на четири тркала ќе добијат само моделите со ТДИ мотори. Дизелот од 1,6 литри испорачува 105 коњски сили, што е доволно за забрзувањ [...]

24 01, 2013

Ова се 8 финалисти за најдобар автомобил во Македонија

By | 2013-01-24T14:21:16+00:00 24/01/2013|Автомобили|

Во трка за 18-та круна Автомобил на годината во Македонија за 2013, по повеќето фази и филтри, согласно критериумите, националното жири ги избра финалитите. Со подеднакви шанси се: Dacia Lodgy, Great Wall Hover H5, Kia Optima, Mercedes A класа, Mitsubishi Outlander, Peugeot 301, Seat Leon и Honda Civic. Националното жири за избор на Автомобил на Годината во Македонија, составено од специјализирани автомобилски новинари, ги претстави финалистите кои се во најтесниот избор за 18-та ваква титула по [...]

8 01, 2013

Пазарот на Автомобили е Речиси Мртов

By | 2013-01-08T09:17:01+00:00 08/01/2013|Автомобили|

Бизнисот со автомобили ја загуби атрактивноста. Половните возила фаќаат прашина на плацовите, инпортерите се жалат дека се помал е интересот за купување нови. За три години тројно е падната продажбата. Пазарот на автомобили е речиси мртов. Поради презаситеност и новите и половните возила со месеци фаќаат прашина на плацовите и не можат да си најдат сопственици. И продажбата преку огласи оди слабо. Струмица е позната по паркинзите преполни со автомобили најчесно донесени од Бугарија, Швајцарија и [...]

16 11, 2012

Промовирани Новите „Ауди А3“ и „Голф 7“

By | 2012-11-16T11:23:26+00:00 16/11/2012|Автомобили|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Порше Македонија ги промовираше новите авотмобили „ауди А3“ и „голф 7“. Двете возила се со значително изменета форма во однос на претходниците, со поголема економичност и подобрени технички карактеристики. Новиот „ауди А3“ е дури 80 килограми полесен од неговиот претходник. Дизајнот и формата на автомобилот го потенцираат спортскиот карактер на возилото, а моторите се напредни со ултра нова економична технологија и ниска емисија на гасови. Достапен е со [...]

31 10, 2012

И Македонија Дел од „301 Роуд Трип” на „Пежо”

By | 2012-10-31T02:26:17+00:00 31/10/2012|Автомобили|

Дружбата на „Пежо" и граѓаните во Македонија ќе се интензивира во наредниов период. Од „Еуроимпекс" најавуваат дека на плоштадот „Македонија" на петти идниот месец во 16.45 часот ќе се одржи големо интерактивно дружење со новото „пежо 301", настан што е дел од интернационален пежопроект. Игор Штерјов и Зорица Серафимовска Арсовска ќе бидат првите лица во Македонија што ќе го возат новото „пежо 301". Тие по пат на кастинг беа избрани од гостите на „Еуроимпекс", во рамките на интернационалниот про [...]

31 10, 2012

Квалитетот на Услугите под Лупата на Сворт Рисрч

By | 2012-10-31T01:42:30+00:00 31/10/2012|Автомобили, Банки, Маркети, Телекомуникации|

Агенцијата Свот Рисрч спроведе годишно истражување за квалитетот на услугите. Банките и автосалоните се подобруваат. Телекомуникациските оператори го влошуваат своите услуги, а најголемо унапредување има кај големопродажните вештини на вработените во супер маркетите. Чести се ситуациите кога во некои од супермаркетите, а особено во продавниците за техничка опрема  купувачите не можат да ги лоцираат вработените. До информација тешко доаѓаат дури и кога ќе го најдат продавачот бидејќи тој е обично [...]

17 10, 2012

Тојота ќе Повика на Вонреден Сервис 1.000 Возила

By | 2012-10-17T08:35:09+00:00 17/10/2012|Автомобили|

Вкуп­но 1.000 возила во Македонија ќе повика "Тојота" за сервис на пре­ки­ну­ва­чот за отворање и затворање на возачкиот прозорец, информираат од "Тојота автоцентар". Возилата кои ќе се повикаат се произведени во пер­и­о­дот од 2006 до 2008 година, а сервисот на прекинувачот трае нај­мно­гу 30 минути и е бесплатен. "Уо­че­но е дека со тек на време прекинувачот, кој е сместен на возачката вра­та, може да почне да дава отпор при користењето. На американскиот па­зар забележале дека при користење на [...]

4 10, 2012

„Аутомобиле СК“ Застапник за Легендарниот „ЏИП“

By | 2012-10-04T08:45:09+00:00 04/10/2012|Автомобили|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] „Аутомобиле СК“ е новиот ексклузивен увозник на легендарната американска марка „џип“. Веќе 16 години оваа компанија успешно егзистира на македонскиот автомобилски пазар застапувајќи ги италијанските марки од групацијата ФИАТ. Од оваа година благодарение на стратегиското соединување на ФИАТ и „Крајслер“, портфолиото на „Аутомобиле СК“ се проширува со марката која е синоним за офроуд-возила – „џип“. Во понудата можат да се најдат легендарниот „вранглер“, к [...]