Банки

/Банки
10 10, 2012

Детско Игралиште во Кичево, Донација на Стопанска Банка

By | 2012-10-10T08:26:22+00:00 10/10/2012|Банки, Македонија|

Во Кичево пуштено е во употреба игралиште за деца, донација на Стопанска банка. „Денеска го имаме задоволството на најмладите жители на Кичево, нашите идни партнери и клиенти да им донираме игралиште кое веруваме ќе даде свој скромен придонес за нивни безгрижни и разиграни детства. Донацијата е во договор со Општината и градоначалникот на град Кичево, Благоја Деспотоски кои знаеа дека во Стопанска банка АД - Скопје ќе најдат партнер за финансиска соработка, но и за поддршка на општествено корисн [...]

28 09, 2012

Кредити за Органско Производство од ПроКредит

By | 2012-09-28T06:35:24+00:00 28/09/2012|Банки|

Органското производство во Македонија ќе добие банкарска поддршка. Првпат нов кредитен производ промовираше денеска  ПроКредит банка наменет директно за органските производители и органското производство. Стевче Кузмановски, директор на Секторот за мали и средни претпријатија во ПроКредит банка, вели дека постојат повеќе причини зошто се одлучиле да го поддржат овој дел од земјоделството. Меѓу нив ги напомена заштитата на животната средина, како и тоа што во овој сектор постои потенцијал за разв [...]

26 09, 2012

Банките Халк и Зираат се Спојуваат

By | 2012-09-26T06:19:29+00:00 26/09/2012|Банки|

Се окрупнува банкарскиот сектор. Двете турски банки што работат во Македонија, Халк и Зираат банка, се спојуваат. Комисијата за хартии од вредност вчера соопшти дека на Халк банка и дала одобрение да издаде 11. емисија на долгорочни хартии од вредност, со што ќе ја зголеми основната главнина за да се реализира присоединување со Зираат банка. „Со единаесеттата емисија на акции, Халк банка ќе издаде 100.954 обични акции, со вкупна продажна вредност од 1 милијарда денари. Оваа емисија на Халк банка [...]

25 09, 2012

Зелен кредит од Алфа банка за енергетски ефикасни домови

By | 2012-09-25T15:17:25+00:00 25/09/2012|Банки, Економија|

Семејствата кои ќе сакаат да заштедат електрична енергија, да ги намалат трошоците во домашниот буџет и да допринесат за зачувување на животната средина од идната недела ќе можат да ги искористат новите зелени кредити на Алфа банка. Со заемот, кој може да биде во висина од 200 до 10.000 евра, во домаќинствата ќе може да инвестираат во соларни термални системи за производство на топла вода, нови врати и прозорци со топлинска изолација, иновативни системи за греење и ладење, кровна изолација и вгр [...]

31 08, 2012

Kаматите и в Година ќе Куртулат од Оданочување

By | 2012-08-31T05:47:22+00:00 31/08/2012|Банки|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Според некои пресметки, државата од оданочувањето на каматите на орочените заштеди годишно ќе можеше да прибере околу 8 милиони евра Kаматите на орочените заштеди нема да се оданочуваат и во наредната година. Според информациите од Министерството за финансии, пресметувањето и плаќањето персонален данок на доход за граѓаните што остваруваат приходи од камати на орочени депозити ќе се одложи, односно нема да почне да се применува од Нова година, како што б [...]

31 08, 2012

НЛБ Тутунска Банка со Нова Експозитура кај Соборниот Храм

By | 2012-08-31T05:35:45+00:00 31/08/2012|Банки|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура на бул. „Климент Охридски" број 30 во Скопје. Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти. Првите десет штедачи во новата експозитура, како што соопштуваат од банката, ќе добијат бесплатна кредитна картичка Visa Classic или MasterCard Standard, а првите корисници на електронско банкарство за физички лица - НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен - апликација за моб [...]

29 08, 2012

И во Криза Секојдневно Вложуваме Повеќе од 84.700 Евра во Стопанска Банка

By | 2012-08-29T05:42:28+00:00 29/08/2012|Банки|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Оваа банка во првата половина од годината вложила 94,9 милиони евра во благајнички записи, инструмент со кој Народната банка ја штити вредноста на денарот. Истовремено Стопанска банка дала 52 милиони евра помалку кредити во споредба со лани. Македонските граѓани и компаниите депонирале по 84.707 евра просечно дневно во Стопанска банка Скопје во првите шест месеци годинава, покажуваат официјалните податоци од билансот на состојбата што го објави таа банка. [...]

23 08, 2012

Промена на ПИН Код на Банкоматите на Охридска Банка

By | 2012-08-23T05:01:23+00:00 23/08/2012|Банки|

Охридска банка воведе нова функционалност на банкоматите на банката  промена на ПИН код за дебитните и кредитните картички од брендовите Мастеркард и ВИЗА издадени од Охридска банка. Новата услуга им овозможува на корисниците на картички од Охридска банка да извршат промена на постојниот ПИН код, доделен при издавање на картичката, со нов ПИН код кој ќе биде сопствена комбинација од четири цифри по избор на клиентот. Со промена на ПИН кодовите на картичките, клиентите имаат можност да креираат е [...]

27 07, 2012

Охридска Банка со Нова Интернет Страница

By | 2012-07-27T10:26:58+00:00 27/07/2012|Банки|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Охридска банка во четвртокот го промовираше својот нов интернет портал чија цел е да се прикажат информациите на најсоодветен начин за клиентите. Новиот интернет ресурс на Охридска банка е дизајниран во согласност со новите корпортивни стандарди на францускиот банкарски гигант Societe Generale, а може да се најде на адресата www.ohridskabanka.mk. Проектот за креирање на новата интернет страница беше лансиран со цел да се подготви платформа што ќе ги обедин [...]

24 07, 2012

УНИБанка и ИФЦ ги Зголемија Можностите за Финансирање на Трговското Работење во Македонија

By | 2012-07-24T14:11:11+00:00 24/07/2012|Банки, Економија, Македонија|

Полесен пристап на македонските компании до новите пазари на Европа и Централна Азија [custom_frame_center][/custom_frame_center] Скопје, 24.07.2012 г. Интернационалната Финансиска Корпорација (ИФЦ), како членка на групацијата Светска Банка и одобри кредитна линија на УНИБанка, како емисиона банка во програмата на ИФЦ преку која ќе се финансира трговското работење на увозните и извозните трговски друштва - клиенти на УНИБанка. Со oваа кредитна линија, УНИБанка ќе го поддржува трговското работење [...]