Берза

/Берза
19 04, 2012

13-та Годишна Конференција на Македонската Берза

By | 2012-04-19T10:38:09+00:00 19/04/2012|Берза|

На 4-ти мај во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи 13-тата по ред годишна конференција на Македонската Берза. Овој настан е веќе со препознатлив имиџ за размена на искуства и дискусија за актуелните состојби во финансиската индустрија, а воедно и за промоција на идеи за понатамошен развој на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија. И оваа година, конференцијата ќе биде место на кое ќе се соберат претставниците на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Репуб [...]

12 04, 2012

Берзанските Индекси и Натаму во Пад

By | 2012-04-12T05:45:29+00:00 12/04/2012|Берза|

Берзанските индекси и натаму во пад. Аналитичерите велат само големи институции можат да ја раздвижат берзата. Позитивните финансиски извештаи и најавите за поголеми дивиденди не сторија многу за берзанскиот индекс. Напротив, МБИ 10 неделава повторно падна под таканаречената психолшка граница од 2000 поени. Брокерите малиот интерес го објаснуваат со очекувањето на инвеститорите дека  набргу по купувањето на акции со право на дивидедна тие одново ќе почнат да паѓаат. Стравот ги натера малите инве [...]

3 04, 2012

Се Продава Државен Капитал во 56 Компании

By | 2012-04-03T02:11:15+00:00 03/04/2012|Берза, Млеко, Нафтени деривати, Осигурување|

Акциите што се нудат на продажба имаат номинална вредност од околу 16 милиони евра, но голем дел од акциите ПИОМ нуди со попуст и до 50 отсто Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) преку јавна аукција на берзата в четврток (5 април) ќе понуди на продажба акции и удели во 56 компании. Државниот капитал што се нуди на продажба има номинална вредност од околу 16 милиони евра, но голем дел од акциите ПИОМ нуди со попуст и до 50 отсто, а поради тоа што во изминатиов период се покажа дека [...]

17 03, 2012

Неделен Берзански Преглед

By | 2012-03-17T14:16:01+00:00 17/03/2012|Берза|

Редовниот неделен преглед на тргувањето со хартии од вредност. Да проанализираме зошто на пазарот нереално се вреднуваат компаниите и покрај приливот на позитвини информации? Истите тие компании чии акции поефтинуваат, ќе делат дивиденди од ланската добивка. Ако минатонеделниот пад беше предизвикан од повратениот страв на маѓународните пазари, сега веќе и таму се смени расположението, кон подобро, секако. Кај нас кон полошо. Продолжува краткорочниот тренд на намалување на пазарната вредност на м [...]

8 03, 2012

Минимален Пад на Уделот на Странски Инвеститори во Компаниите од МБИ-10

By | 2012-03-08T06:26:12+00:00 08/03/2012|Банки, Берза, Здравство|

Учеството на странски инвеститори во основната главнина кај компаниите од МБИ-10 се намалува, покажува најновиот месечен статистички билтен на Македонската берза за февруари. Сепак, падот е минимален. Кај Комерцијална банка намалувањето на странските инвеститори во капиталот изнесува 0,56 процентни поени. Со тоа, 51,74% од главнината на Комерцијална останува во рацете на странски инвеститори. Речиси кај сите други компании коишто го сочинуваат МБИ-10 во февруари се забележува намалување на учест [...]