Нафтени деривати

/Нафтени деривати
16 06, 2012

Инспекторите Откриле „Дупки” во Нафтата

By | 2012-06-16T04:41:32+00:00 16/06/2012|Нафтени деривати|

Шест компании од нафтениот бизнис во земјава можат да ја загубат лиценцата за работа затоа што го прекршиле законот. Државниот пазарен инспекторат утврдил дека шесте компании или не ги користат резервоарите за нафта или немаат оперативни резерви од нафтени деривати за покривање петдневен просечен обем на трговија. Поради тоа, Регулаторната комисија за енергетика поведе постапка за одземање на лиценците на увозниците на нафта на големо „Алма комерц" од Неготино, „Диме петрол"  с. Мешеишта, „Еми п [...]

11 06, 2012

За ОКТА Нема Криза, со Гориво го Снабдува и Косово и Србија

By | 2012-06-11T06:27:36+00:00 11/06/2012|Нафтени деривати|

И покрај кризата во Грција, скопската рафинерија ОКТА нема проблем со добавувачи на нафта и снабдувањето со нафта. Ова го потенцираше Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК на вчерашното одбележување на 20-годишниот јубилеј. Според него, снабденоста на пазарот на нафтени деривати во земјава е на сосема солидно ниво. -ОКТА располага со доволни количини да го снабди пазарот во земјава како и сите оние купувачи што ги има на косовскиот и на српскиот пазар. [...]

21 05, 2012

Бензините Поевтинуваат За 1,5 Денари, Дизелот За Половина Денар

By | 2012-05-21T14:03:01+00:00 21/05/2012|Економија, Нафтени деривати|

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот и за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 84 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 72 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за денар и ќе чини 60,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,847 денари и ќе изнесува 45,856 денари [...]

9 05, 2012

„Макпетрол” Го Губи Бизнисот Со Гас?

By | 2012-05-09T08:47:10+00:00 09/05/2012|Економија, Нафтени деривати|

Од РКЕ останаа без одговор на обвинувањата упатени од Секретаријатот на енергетската заедница дека има намера лиценцата за управување со системот за пренос на гас да ја додели на новоформираната државна компанија МЕР. Европската енергетска заедница во писмена реакција упати сериозни критики до Владата поради намерата лиценцата за управување со системот за пренос на гас да и ја одземе на ГАМА и да ја додели на новоформираната државна компанија МЕР. Иако ГАМА го нема прекршено законот и се уште е [...]

7 05, 2012

Бензините Поевтинуваат За 3,5 Денари

By | 2012-05-07T14:34:41+00:00 07/05/2012|Економија, Нафтени деривати|

Со новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува 72,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,50 ден/лит, односно за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 23.04.2012 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) [...]

12 04, 2012

За Владата Нема Психолошка Граница за Цената на Бензинот

By | 2012-04-12T14:08:01+00:00 12/04/2012|Нафтени деривати|

Владата нема поставено психолошка граница која треба да ја помине цената на бензините за да реагира со конкретни мерки. Таа ќе интервенира тогаш кога ќе оцени дека тоа е потребно, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владмир Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање. Според него, ова прашање се анализира многу сериозно. Но, нашата земја не постапува како другите во регионот кои веќе одредија таква психолшка граница. - Владата нема волшебно стапче да ја смени цената на нафтата на светскио [...]

6 04, 2012

Ќе Остане ли Окта Без Нафта?

By | 2012-04-06T04:04:21+00:00 06/04/2012|Нафтени деривати|

Ќе има ли Окта гориво. Иран прекина со испорака на нафта но сопственикот на скопската рафинерија Хеленик Петролеум според тамошните медиуми заради неплатени сметки речиси половина од суровата нафта грчката компанија ја набавува од Иран но рафинеријата нема одговор дали на Македонија и се заканува недостиг на гориво. Ќе остане ли Окта без нафта. Иранската телевизија Прес ТВ денеска пренесе дека Иран прекинува со испорака на нафта за двете најголеми грчки нафтени компании. Хеленик Петролеум и Мото [...]

3 04, 2012

Трошоците на Живот, Односно Инфлацијата, се се Пониски

By | 2012-04-03T02:29:52+00:00 03/04/2012|Авиосообраќај, Банки, Економија, Земјоделство, Македонија, Млеко, Нафтени деривати|

Трошоците на живот, односно инфлацијата, се се пониски. Во март таа изнесуваше 1,4%, најмногу поскапи патувањето со воз за 50,9%. Бензините и другите нафтени деривати бележат пораст од 5,1%. Инфлацијата во трите месеци оваа година станува се пониска и пониска. Мартовската е речиси двојно помала од февруарската. Од 2,9 се спушти на 1,4%. Во јануари изнесуваше најмногу 3,4%. Ваквите вредности засега се разликуваат од проекциите на Народна Банка според која инфлаторните движења ќе изнесуваат 2%. Вл [...]

3 04, 2012

Се Продава Државен Капитал во 56 Компании

By | 2012-04-03T02:11:15+00:00 03/04/2012|Берза, Млеко, Нафтени деривати, Осигурување|

Акциите што се нудат на продажба имаат номинална вредност од околу 16 милиони евра, но голем дел од акциите ПИОМ нуди со попуст и до 50 отсто Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) преку јавна аукција на берзата в четврток (5 април) ќе понуди на продажба акции и удели во 56 компании. Државниот капитал што се нуди на продажба има номинална вредност од околу 16 милиони евра, но голем дел од акциите ПИОМ нуди со попуст и до 50 отсто, а поради тоа што во изминатиов период се покажа дека [...]

29 03, 2012

Акција да Заштедите При Купување Гориво

By | 2012-03-29T02:58:42+00:00 29/03/2012|Банки, Нафтени деривати|

Алфа банка, во соработка со бензинските пумпи на „Окта", им дава прилика на корисниците на картичката „Американ експрес" да заработат и кога трошат, со актуелната можност за поврат на средства. „Оваа можност е достапна само за корисниците на „Американ експрес" издадена од Алфа банка, при што им се овозможува заштеда од 2,5 отсто при купување на сите горива на бензинските пумпи на „Окта". Можноста е достапна за сите картички „Американ експрес" издадени од Алфа банка. Попустот се книжи на сметката [...]