Образование

/Образование
19 04, 2012

Студирајте Технички Науки, има Работа!

By | 2012-04-19T01:57:46+00:00 19/04/2012|Образование|

Кадрите од техничките факултети се дефицитарни, а работа на Министерството е да ги објасни придобивките од студирањето на овие факултети и да го поттикне нивното производство Проектот на Министерството за образование и наука за подигнување на интересот кај младите ученици за студирање на техничките науки продолжува. Вчера министерот за образование и наука, Панче Кралев, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска, и директорот на МАСИТ, Анита Никова, остварија с [...]

9 04, 2012

Отворен 8. Саем за вработување и кариера

By | 2012-04-09T13:45:21+00:00 09/04/2012|Економија, Образование|

На Машинскиот факултет во Скопје денеска официјално е отворен Осмиот Саем за вработување и кариера - Job Fair 2012 во организација на студентската организација БЕСТ. На осмото издание на оваа тридневна саемска манифестација учество најавиле повеќе компании од лани, а презентациите и обуките се комплетно бесплатни за студентите. - Во однос на минатата година новина е што не поддржаа и државните институции како Агенција за електронска комуникација - АЕК и Агенцијата за вработување на Република Мак [...]

2 04, 2012

МОН Објави Конкурс за 34.791 Слободни Места

By | 2012-04-02T02:54:04+00:00 02/04/2012|Образование|

Министерството за образование и наука објави дека во јавните средни училишта во земјава, според објавениот Конкурс, во наредната учебна 2012/2013 има 34.791 слободно место. Според Министерството, обезбедни се доволен број слободни места, бидејќи во учебната  2011/2012 година има вкупно 23.922 осмооделенци, а согласно измените на Законот за средно образование, тоа е задолжително од учебната 2008/2009 година. Комисијата за запишување на ученици во прва година во јавните средни училишта во Републик [...]

28 03, 2012

Ќе се Менува Болоњскиот Систем во Високото Образование

By | 2012-03-28T01:52:25+00:00 28/03/2012|Образование|

По 9 години примена професорите, експертите, студентите решија да ги лоцираат слабостите. Донесени се низа заклучоци да се врати усното испрашување, да се испита квалитетот на наставните програми да се заострат критериумите за упис на мастер и докторски студии. Но сега Министерството за образование и универзитетите треба да идлучат што точно ќе се менува. Да се врати усното испрашување, да се заострат критериумите за упис на мастер и докторски студии, да се испита квалитетот на дисперзираните ст [...]

27 03, 2012

Наместо да се Намалува, Невработеноста Расте

By | 2012-03-27T09:54:19+00:00 27/03/2012|Автомобили, Македонија, Образование|

Статистиката, велат, понекогаш е многу сурова. И покрај силните најави за нови инвестиции, многуте роуд-шоуа на кои оди Владата, од кои се враќа со многу оптимизам дека ќе дојдат странски компании да инвестираат и ќе отворат нови работни места, невработеноста наместо да се намалува, таа расте. А само пред неколку дена премиерот Никола Груевски броеше колку нови работни места ќе отворат инвеститорите што ќе дојдат. Според неговата математика, новите инвеститори се очекува да вработат 4.000 луѓе. [...]

26 03, 2012

Во Наредните Саботи ќе се Надополнуваат Загубените Часови

By | 2012-03-26T04:16:32+00:00 26/03/2012|Образование|

Училиштата во кои зимата поради неповолните временски услови и обилните врнежи од снег имаше прекин на наставата, ќе мора да ги надополнат  изгубените часови со одржување настава во неработни денови односно во сабота. Министерот за образование и наука Панче Кралев на денешната прес-конференција истакна дека Министерството ги известило училиштата оти треба да изготват план како да ги надополнат изгубените часови и им препорачало оти би било најдобро тоа да го направат со одржување настава во сабо [...]

13 03, 2012

Што ќе ми е Факултетска Диплома без Знаење?

By | 2012-03-13T06:30:50+00:00 13/03/2012|Образование|

Факултетите продуцираат кадри кои не знаат ниту да зборуваат, сите завршуваат, а потоа молат за работа, испитите се полагаат со заокружување, оценка се добива без да знаат кој е професорот, се жалат студентите кои бараат исфрлање на Болоња. Додека професорите дебатираа кои се предностите и маните на Болоњскиот систем, студентите го изразија своето незадоволството. Бараат исфрлање на Болоња, целосно финансирање на студиите од државата. Што ќе ми е диплома без знаење?, се прашуваат тие. Велат, фак [...]

8 03, 2012

Нови Бронхоскопи за Болницата во Козле

By | 2012-03-08T06:16:05+00:00 08/03/2012|Здравство, Култура, Маркети, Образование|

Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле вчера од компанијата „Тинекс" доби донација од два бронхоскопи и една кардиолошка сонда,најсовремени медицински апарати со кои во иднина ќе се лекуваат децата. Според Оливер Зафировски, директорот на Институтот овие современи апарати ќе им помогнат на нивните врвни специјалисти да го применат своето знаење на најдобар можен начин. Апаратите се користат при вадењето на туѓи тела кои се инхалирани во телото кај малите деца. На годишно ниво во Ин [...]

5 03, 2012

Училишни автобуси за 23 општини

By | 2012-03-05T07:51:42+00:00 05/03/2012|Образование|

Дваесет и три општини во Македонија ќе добијат по еден училиштен автобус од донацијата на НР Кина. Ова денеска со потпишување Договор во Владата го официјализираа вицепремиерката за европски прашања и национален координатор за странска помош Теута Арифи и претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа Коце Трајановски. Автобусите се за превоз на ученици  во основните и средните училишта, пред се, за руралните средини, а производител е кинеската компанија „Јутонг“, која ги направи [...]