Земјоделство

/Земјоделство
27 05, 2014

Земјоделските саеми- можност за отворање нови пазари

By | 2014-05-27T13:13:18+00:00 27/05/2014|Економија, Земјоделство|

Искуствата од големите саеми за храна и кај македонските земјоделци ќе внесат новини што ќе значат посовремено производство и пошироки пазари. Струмичките земјоделци неодамна се запознаа со ваквите мерки, но и со можностите за пристап до средства за развој. Стотина македонски земјоделци се запознаваа со најновите достигнувања кај земјоделската механизација на Меѓународниот саем во Нови Сад. Фармерите велат дека потребни се големи инвестиции во механизација, за да се достигне повисоко ниво на зем [...]

8 01, 2013

Фрапантно Расте Увозот на Храна во Македонија

By | 2013-01-08T08:26:12+00:00 08/01/2013|Земјоделство|

Се зголемил увозот на речиси сите прехранбени производи, од земјоделска до разна готова храна, а главна причина за тоа е македонското дефицитарно произодство, анализира хрватскиот интернет портал Бизнис. Македонија станува се поголем зависник од увоз на храна и пијалоци. Тоа е страшно за македонската економија, бидејќи во земјата постои огромен потенцијал за производство на храна, но не се користи. Не помогнале ниту владините субвенции, па на терен царуваат увозниците, пишува Бизнис.хр. Домашнит [...]

26 12, 2012

Интернетот ќе ги Замени Тезгите

By | 2012-12-26T05:22:00+00:00 26/12/2012|Земјоделство, Информатичка технологија|

Тетовски грав по 150 денари килограм, домашен мед по 250 денари за тегла или живо теле по 150 денари жива мера. Ова се само дел од земјоделските производи што се нудат на продажба преку малите огласи на страницата на Федерацијата на фармери на Македонија. Освен земјоделски производи, може да се купи и земјоделска механизација, приклучни машини, семе, расад и слично. Се продава речиси од сите краеви на земјава, а дел од огласувачите одат до таму што нудат и достава на купената стока ако е во пого [...]

3 12, 2012

Голема Компанија од САД Почна со Промовирање на Македонските Вина

By | 2012-12-03T10:55:37+00:00 03/12/2012|Земјоделство|

Новата, добро подготвена кампања за претставување на македонското вино во Соединетите Американски Држави, ги даде првите резултати, преку претставувањето на вината на Стоби во синџирот продавници поврзани со големиот дистрибутер Вајнбоу. [custom_frame_right][/custom_frame_right] Оваа компанија, која го покрива најважниот пазар за вино, на североисточниот дел на САД, овозможи за првпат македонско вино да биде достапно и во главниот град Вашингтон. - Имаме 5.000 вина, а од пред неколку недели, за [...]

19 11, 2012

Пекабеско Отвори Нов Погон за Месо и Сувомеснати Производи

By | 2012-11-19T10:01:28+00:00 19/11/2012|Земјоделство|

Домашна компанија ја оствари најкрупната инвестиција во општина Илинден. Проект вреден над 13 милиони евра, кој ќе обезбеди вработување на 200 лица,од кои 50 во почетната фаза. Дел од средствата се обезбедени  преку кредит од ЕИБ, а останатите се сопствени пари. Новата фабрика,  според министерот Димовски ќе претставува продолжена рака за извоз на европскиот пазар. – Ова е одличен пример и потврда на аграрните политики на Владата на Р.М, која во својата посветеност за реализација на програмските [...]

12 11, 2012

Две Нови Винарници се Градат во Кавадаречко

By | 2012-11-12T11:21:10+00:00 12/11/2012|Земјоделство|

Две нови винарници почнаа да се градат во Кавадаречко. Едната ја гради винарницата „Аневски" од Штип. Станува збор за мини - визба во село Марена, со капацитет од 2.5 милиона литри, а се планира секоја година да откупува по околу десетина милиони килограми грозје во Тиквешијата од различни сорти. На ваков чекор се решивме зашто сакавме да бидеме поблиску до лозарите и нивните лозови насади и во иднина уште повеќе да го унапредуваме лозаровинарскиот сектор во Македонија. Довербата што во изминати [...]

7 11, 2012

Македонско Грозје ќе се Јаде во Словачка

By | 2012-11-07T08:22:08+00:00 07/11/2012|Земјоделство|

Во Словачка ќе се јаде македонско грозје, пиперки, зелка и краставици. Македонските земјоделци ќе извезат и 1.000 тони пиперки во Црна Гора и јаболка во Босна и Херцеговина. Пласманот на трпезно грозје за словачкиот пазар се договара деновиве со увозни компании од оваа европска земја на средба што ја организира „АгБиз“ програмата на УСАИД. Извозот на црно и бело трпезно грозје годишно на Македонија и' носи по 18 милиони долари, но домашните производители сметаат дека имаат капацитет да извезуваа [...]

29 10, 2012

Oтворена Лабораторија за Испитување на Квалитетот на Млеко

By | 2012-10-29T02:52:20+00:00 29/10/2012|Земјоделство, Млеко|

Министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Зоран Коњановски денеска во Битола пуштија во употреба лабораторија за испитување и анализа на квалитетот на сирово млеко, која претставува прва ваква приватна инвестиција во Република Македонија. Пред неколку дена на седница на Владата на Република Македонија, Димовски информира дека била усвоена пет годишната национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој каде што на земјоделците им [...]

26 10, 2012

Повеќе Пари за Капитални Инвестиции во Следните 5 Години

By | 2012-10-26T01:38:52+00:00 26/10/2012|Земјоделство|

Владата ја усвои националната програма за развој на земјоделството. Таа ќе донесе повеќе капитални инвестиции во овој клучен сектор за македонската економија но и ќе се заостри условите за добивање субвенции. Програмата предвидува 725 милиони евра финансиска подршка во следните 5 години. Но од земјоделците ќе се бара доследно почитување на стандардите во обработката на земјиштето. Повеќе пари за капитални инвестиции во следните 5 години. Националната програма за финансиска подршка во земјоделств [...]

22 10, 2012

Земјоделските МК Брендови на Пазарите во Русија и Кина

By | 2012-10-22T08:32:27+00:00 22/10/2012|Земјоделство|

Русија, Кина, Европа и други дестинации ќе бидат алтернативните пазари каде што ќе се прават напори да се пласираат најзначајните македонски земјоделско-прехранбени производи. Овие пазари, покажала анализата на Владата, имаат огромен потенцијал за апсорпција и претставуваат брзорастечки пазари поради големиот број на потрошувачи, куповната моќ на населението постојано се зголемува и тие економии се отпорни на светската финансиска криза. Поради тие факти, Владата, како што изјави владиниот портпа [...]