Чоколаден Викенд во СП Маркет во Тафталиџе

//Чоколаден Викенд во СП Маркет во Тафталиџе

Чоколаден Викенд во СП Маркет во Тафталиџе

Скопски Пазар и Невладината организација Позитиво, од 15 до 23 декември организираат викенд настани посветени на чоколадото. Во СП маркетот, во населбата Тафталиџе, овој и следниот викенд посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на голема изложба на чоколади во чиј состав ќе биде поставена чоколадна фонтана. Велгиското чоколадо од фонтаната ќе може да го вкусат сите посетители кои ќе донираат средства што ќе бидат искористени за добротворни цели.

За најмладите посетители организирано е дружење со ликови од цртаните филмови кои по два часа дневно ќе се дружат со децата цртајќи им на лицата новогодишни мотиви.

Како надополнување на новогодишната атмосфера, посетителите ќе имаат прилика да уживаат во божиќните мелодии на хорот „Интернационална женска асоцијација,,.

Идејата за чоколадната авантура беше да им се овозможи на посетителите на СП маркетот во населбата Тафталиџе да уживаат во вкусот на чоколадото и предновогодишната атмосфера. Исто така, во духот на новогодишните и божиќните празници сакавме чоколадната авантура да биде алатка преку која ќе се обезбедат средства наменети за добротворни цели. Оттука и соработката со НВО Позитиво, која се надеваме дека ќе продолжи и во иднина, традиционално со секоја нова чоколадна авантура, изјави Марија Тасиќ од Скопски пазар.

[custom_frame_center]Чоколаден Викенд во СП Маркет во Тафталиџе[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 13.12.2012

By | 2012-12-13T04:42:25+00:00 13/12/2012|Маркети|