„Cineplexx“ започнува со работа на 22-ри ноември

/, Македонија/„Cineplexx“ започнува со работа на 22-ри ноември

„Cineplexx“ започнува со работа на 22-ри ноември

Новите киносали во „Скопје сити мол“ во Скопје официјално ќе бидат отворени на 22-ри ноември со свечена премиера на филмот: “Животот на Пи 3D”. Светската премиера на филмот за авантурите на момчето од Индија, Пи, е закажана токму за истиот ден кога премиерно ќе се прикаже и кај нас.

Филмот е заснован на истоимениот роман на познатиот канадски писател Јан Мартел, и ги следи авантурите на момчето од Индија, Пи. За време на бурата на бродот кој, меѓу другото, превезува и диви животни, Пи успева да се качи на чамец во кој се наоѓаат еден бенгалски тигар и зебра. Филмот ги следи неколкуте месеци во кои Пи се бори за преживување среде океанот, соочен со дивите животни и бескрајната водена површина. „Животот на Пи“ е возбудлива авантура која раскажува за големите идеи – за вербата, надежта и борбата за опстанок.

[custom_frame_center]„Cineplexx“ започнува со работа на 22-ри ноември[/custom_frame_center]

 

Извор: www.skopjeinfo.mk

Датум на објава: 10.11.2012

By | 2012-11-13T14:18:54+00:00 13/11/2012|Култура, Македонија|