Детско Игралиште во Кичево, Донација на Стопанска Банка

/, Македонија/Детско Игралиште во Кичево, Донација на Стопанска Банка

Детско Игралиште во Кичево, Донација на Стопанска Банка

Во Кичево пуштено е во употреба игралиште за деца, донација на Стопанска банка.

„Денеска го имаме задоволството на најмладите жители на Кичево, нашите идни партнери и клиенти да им донираме игралиште кое веруваме ќе даде свој скромен придонес за нивни безгрижни и разиграни детства. Донацијата е во договор со Општината и градоначалникот на град Кичево, Благоја Деспотоски кои знаеа дека во Стопанска банка АД – Скопје ќе најдат партнер за финансиска соработка, но и за поддршка на општествено корисни проекти како што е детското игралиште”, велат од Стопанска банка.

Во својата долга историја Стопанска банка АД Скопје е во постојана соработка со заедницата и својот раст и развој го базира на постојана соработка со заедницата и нејзините жители без разлика дали станува збор за мал локален проект или значаен инфраструктурен објект.

Токму од оваа традиција во соработката со заедниците, Банката ја црпи својата општествена одговорност и во текот на годината реализира проекти значајни и на национално, но и на локално ниво.

[custom_frame_center]Детско Игралиште во Кичево, Донација на Стопанска Банка[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 09.10.2012

By | 2012-10-10T08:26:22+00:00 10/10/2012|Банки, Македонија|