Дојран има Лековита Кал, ама Нема Плажи!

//Дојран има Лековита Кал, ама Нема Плажи!

Дојран има Лековита Кал, ама Нема Плажи!

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Концесионерите и граѓаните да бидат совесни и да преземат мерки Дојран да не го загуби сјајот, кој со многу труд на општината последните три години успеавме да го вратиме и со помош на европски и владини инвестиции, а кој пред тоа десет години беше замрен токму поради еколошката катастрофа.

Поволната клима и ниските температури се причина што веќе неколку години по ред Дојран е полн со туристи. Тоа го покажуваат и бројките според кои ова лето до сега Дојран го посетиле 25.000 гости и остварени се над 120.000 ноќевања. Но она што е загрижувачко е недоволната грижа од страна на концесионерите и лошата култура на туристите кои ни малку не водат сметка за чистотата на плажите. Градоначалникот Глигор Чабулев упати апел до граѓаните и до самите концесионери да водат сметка за плажите да бидат чисти и уредни.

– Концесионерите и граѓаните да бидат совесни и да преземат мерки Дојран да не го загуби сјајот, кој со многу труд на општината последните три години успеавме да го вратиме и со помош на европски и владини инвестиции, а кој пред тоа десет години беше замрен токму поради еколошката катастрофа, изјави градоначалникот Чабулев.

Чабулев изрази незадоволство од изгледот на плажите по должината на езерскиот брег, кои се преполни со отпадоци и амбалажа од секаков вид.
Причина плус поради која туристи го посетуваат оваа мало, но убаво место е познатата лековита црна кал. Градоначалникот Чабулев вели дека тоа е уште една причина за посета на градот во текот на летната сезона.

– Жално е тоа што имаме вакво богатство, а не знаеме да го цениме. Црната кал секоја година привлекува многу туристи кои доаѓаат тука во Дојран, но со самиот факт дека плажите кои треба да бидат средени и чисти ги оддалечуваме и ги губиме туристите, вели Чабулев.

Истражување на примероци од црната кал во Дојран пред неколку години направи и Бугарскиот институт во надлежност на бугарското Министерство за здравство кое потврди дека оваа кал е лековита и може да лечи од реума, дегенеративни заболувања на имунолошкиот систем и хроничен дерматитис.

– Во околините и границите на Дојран има неоткриен и неистражуван потенцијал од термална – минерална вода. Разоткривањето и искористувањето на тој потенцијал може да даде силен импулс и траен принос во социјално-економскиот развој на градот и општината и благосостојбата на граѓаните и претприемништвото. Реализирањето на предложениот сондажно – истражувачки хидрогеолошки проект е решавачки почетен чекор во таа насока, се вели во забелешките од истражувањето.

[custom_frame_center]Дојран има Лековита Кал, ама Нема Плажи![/custom_frame_center]

Превземено: www.vecer.com.mk

Датум на објавата: 15.08.2012

Автор: И.Р

By | 2012-08-16T13:34:40+00:00 16/08/2012|Туризам|