Драстично намалување на цените на роамингот од 1.јануари.

//Драстично намалување на цените на роамингот од 1.јануари.

Драстично намалување на цените на роамингот од 1.јануари.

Утре во Будва и официјално ќе биде потпишана Спогодба со која македонските граѓани кога ќе патуваат во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, ќе зборуваат, ќе пишуваат пораки и ќе користат мобилен интернет со исти цени како кај нас.

Драстично намалување на цените на роамингот од 1.јануари. по принципот на ЕУ, и регионов договара единствени цени за роаминг услугите односно зборување во странство како дома. Утре во Будва ќе се потпише договорот.

Утре во Будва и официјално ќе биде потпишана Спогодба со која македонските граѓани кога ќе патуваат во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, ќе зборуваат, ќе пишуваат пораки и ќе користат мобилен интернет со исти цени како кај нас. Спогодбата која е на иницијатива на Македонија, е прв чекор кон укинување на тарифите за роаминг во регионот, кој најверојатно ќе се реализира од 1 јануари наредната година, а веќе е пракса во земјите од Европската Унија.

За 1 МБ дата роаминг наместо над 10 евра како досега , ќе се плаќа 0.2 евра. За минута разговор сега на граѓаните им се наплаќа повеќе од 1 евро, а со потпишување на Спогодбата ќе чини 0.19 евра. Праќање СМС порака во моментов надминува 0.20 евра, а новата цена ќе биде 0.06 евра.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски вели дека договорот е отворен, што значи дека која било држава во секое време може да се приклучи со потпишување на Анекс.

– Нашите корисници патувајќи низ Балканот ќе можат да ги користат своите мобилни телефони не само за говор. Во интернетот е уште подрастична ситуацијата – цените се дури 25 пати повисоки отколку цените што ги плаќаат граѓаните на Европската Унија, вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски.

Македонија прави напори да се приклучи и кон укинување на роамингот и со земјите членки на Европската Унија, но се уште се чека на одговор од нивна страна.

Идејата наиде на најголем отпор во Црна Гора, каде што оператерите стравуваат од намален профит, затоа што оваа земја, поради големиот број туристички посети, остварува најголем дел од приходите за роаминг.
Сепак, властите, откако увиделе дека операторите не се согласуваат со намалување на цената, одлучиле да одат на принудна варијанта – односно да ги обврзат операторите да ја почитуваат спогодбата и без нивна согласност. Надлежните уверуваат дека намалените цени ќе се компензираат со зголемен сообраќај.

httpv://youtu.be/LyIvGtoEnkc

Извор: www.alfa.mk

Датум на објава: 28.09.2014

 

By | 2014-09-29T10:10:48+00:00 29/09/2014|Телекомуникации|