ДРЕКСЛМАЈЕР Е ОДГОВОРЕН ИНВЕСТИТОР

//ДРЕКСЛМАЈЕР Е ОДГОВОРЕН ИНВЕСТИТОР

ДРЕКСЛМАЈЕР Е ОДГОВОРЕН ИНВЕСТИТОР

[custom_frame_left]ДРЕКСЛМАЈЕР Е ОДГОВОРЕН ИНВЕСТИТОР[/custom_frame_left] Успешна година на Дрекслмајер во Македонија

Кавадарци / Македонија, 27 мај 2014 година – По повод одбележувањето на годишнината од отворањето на фабриката Дрекслмајер во Македонија, претставниците на Групацијата Дрекслмајер од Германија, како и на менаџментот на фабриката во Македонија на денешната прес конференција го изразија своето задоволство од успехот и резултатите постигнати во првата година од работењето на фабриката.

“Се радуваме, што можеме да ја прославиме годишнината на новата фабричка хала во Кавадарци“, вели господинот Роланд Полте, Извршен директор на Одделот за човечки ресурси во Дрекслмајер на прес конференцијата. Дрекслмајер групацијата во најкратко време изгради ултрамодерно седиште, чијашто површина на зградата изнесува повеќе од 50.000 квадратни метри. Притоа најголемиот дел го опфаќа производството, потоа логистиката и администрацијата. Исто така брзо, како и напредокот во изградбата, се искачуваше и бројот на вработените, кој моментално достигна бројка од 4.400 вработени, со што Дрекслмајер стана најголемиот работодавач во земјата. „Дрекслмајер е одговорен инвеститор и силен партнер на Република Македонија“ – истакна г. Роланд Полте.

Компанијата одлучи да инвестира во Македонија, пред се поради одличната комбинација на повеќе фактори како локацијата и добрата логистика, економскиот потенцијал и квалитетот на работната сила како еден од најважните фактори кои имаат пресудно значење за одлуката за инвестирање. Анализата на околината за инвестирање укажало на квалитет и високи работни навики на луѓето.

Дрекслмајер на соработниците во Кавадарци како фер работодавач им исплаќа просечна месечна плата од 20 % повисока од законската најниска плата во Македонија. Покрај платата Дрексламјер групацијата на нејзините соработници во Кавадарци им нуди опсежни дополнителни услуги. Меѓу другото тоа се надоместоци за сменско работење, исплата на прекувремена работа, ноќна работа како и работа во недела и празници и медицинска грижа во седиштето. Околу 30 автобуси бесплатно ги превезуваат соработниците до нивните работни места како и до нивните домови. Соработниците, кои не живеат во непосредна близина на седиштето добиваат дополнителен надомест за патни трошоци.

Со цел да се заштитат интересите на вработените во тек е нивно организирање за поставување на нивни претставници. Вработените можат да закажат термини за советување, во случај да има нејасни работи во врска со нивната плата. Во месечните исплатни листи вработените ги добиваат сите важни информации на едно место.

Транспарентноста во Дрекслмајер Групацијата ја потврди минатата недела и Државниот инспекторат на Министерството за труд кои направија увид на пресметката на плата за 2014 во фабриката во Кавадарци. Во официјалната изјава стои: “Пресметката на нето плата и дополнителни исплати за работа во ноќна смена и за време на празници се исплатени и пресметани според закон.”

Уверени сме дека и во иднина Дрекслмајер уште повеќе ќе приднесе за економијата и развојот на Македонија, преку неговото успешно работење.

www.pressclipping.com.mk

27.05.2014

By | 2014-05-27T15:14:07+00:00 27/05/2014|Економија|