Две нови винарници почнаа да се градат во Кавадаречко. Едната ја гради винарницата „Аневски” од Штип. Станува збор за мини – визба во село Марена, со капацитет од 2.5 милиона литри, а се планира секоја година да откупува по околу десетина милиони килограми грозје во Тиквешијата од различни сорти.
На ваков чекор се решивме зашто сакавме да бидеме поблиску до лозарите и нивните лозови насади и во иднина уште повеќе да го унапредуваме лозаровинарскиот сектор во Македонија. Довербата што во изминатиот период ја стекнавме кај производителите на грозје сакаме да ја продлабочиме бидејќи за нас тие секогаш се партнер без кој не можеме. Заеднички сакаме од тиквешкото грозје да направиме бренд препознатлив и надвор од Македонија вели првиот човек на винарницата Бебеџаков.
Истовремено од локалната самоуправа информираат дека со германска инвестиција се гради нова винарница во Кавадарци, која ќе откупува по десетина милиони килограми грозје секој гроздобер, а ќе се произведуваат околу 7 милиони литри вино годишно. Оваа фирма и досега извезувала македонско вино во Германија. Од општината велат дека со ова се зголемува конкуренцијата во винскиот сектор во Македонија од што се очекува помалку проблеми во лозаро-винарскиот сектор бидејќи новите винарници ќе го откупуваат грозјето што досега остануваше вишок.
[custom_frame_center][/custom_frame_center]
Превземено: Дневник
Датум на објавата: 12.11.2012
Автор: С.Д.