Еко-фабрика За Селекција На Отпад Ќе Се Гради На Депонијата Во Прилеп

//Еко-фабрика За Селекција На Отпад Ќе Се Гради На Депонијата Во Прилеп

Еко-фабрика За Селекција На Отпад Ќе Се Гради На Депонијата Во Прилеп

ЈКП „Комуналец“ од Прилеп ја  избра хрватската фирма „Техникс“, која за 14,7 милиони денари (239 илјади евра) ќе ја врши селекцијата на отпадот.

– Фирмата „Техникс“ понуди најдобри услови. Салата со линијата за селекција ќе биде поставена на депонијата Алинци на парцела од 6 илјади квадратни метри – вели Златко Ристески, директор на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.

Првично, првата прилепска фабрика за одвојување на корисните материјали од отпадот ќе селектира пластика, хартија и старо железо, суровини кои се барани  на пазарот од производителите.

Со поставувањето на првата линија за селeкција на отпадот се очекува фирмата да добие нов прилив на финансиски средства, но и да се вработат нови 40 до 50 лица.

[custom_frame_center]Еко-фабрика за селекција на отпад ќе се гради на депонијата во Прилеп[/custom_frame_center]

Извор: www.plusinfo.mk

Датум на објава: 03.05.2012

By | 2012-05-03T13:27:05+00:00 03/05/2012|Eкологија|