„Ер Свиден“ од Март ќе Започне да Лета од Скопје за Копенхаген

//„Ер Свиден“ од Март ќе Започне да Лета од Скопје за Копенхаген

„Ер Свиден“ од Март ќе Започне да Лета од Скопје за Копенхаген

„Ер Свиден“ ќе започне да лета од Копенхаген за Скопје од март годинава, извести специјализираниот портал за авиосообраќај на англиски јазик „Екс ЈУ Ејвиејшн Њуз“. Оваа авиокомпанија, која ги суспендира сите услуги во 2009 година, ќе продолжи со работа во наредните месеци, а летовите за Скопје ќе бидат една од нејзините први дестинации, се вели понатаму во веста. „Ер Свиден“ се надева дека ќе може да го искористи успехот кој „Виз Ер“ го имаше со својата линија Скопје-Малме. Двата градови се оддалечени само 40 минути со автомобил.

„Виз Ер“ пренесе 2.802 патници во првиот месец откако лансираше лет за Скопје, а „Ер Свиден“ ќе лета двапати неделно меѓу данскиот главен град и Скопје со авион од типот Ербас А320.

Порталот известува и дека „Аустриан Ерлајнс“ билa авиокомпанија со најголем број пренесени патници во 2012 до скопскиот аеродром и додава дека таа е најпопуларна меѓу бизнисмените. На второ место е „Туркиш Ерлајнс“, а на трето „Виз Ер“.

Кога станува збор, пак, за летовите од скопскиот аеродром, најпопуларна компанија лани била „ЈАТ Ервејс“, на второ место е „Кроациа Ерлајнс“ а на трето „Адриа Ервејс“.

Цирих, Истанбул и Виена се најпопуларни дестинации за патниците кои летаат од Скопје.

Растот на бројот на патниците на скопскиот аеродром „Александар Велики“ лани изнесуваше 5 отсто споредено со 2011.

[custom_frame_center]„Ер Свиден“ од Март ќе Започне да Лета од Скопје за Копенхаген[/custom_frame_center]

Превземено: www.plusinfo.mk

Датум на објавата: 09.01.2013

By | 2013-01-10T07:35:02+00:00 10/01/2013|Авиосообраќај|