Етапно Активирање на 14 Кино Сали

//Етапно Активирање на 14 Кино Сали

Етапно Активирање на 14 Кино Сали

Кино салите во 14 центри за култура низ земјава кои се затворени 10 години ќе бидат оспособени и активирани етапно.

Ќе се враќаат во живот 14 кина низ Македонија. Ќе се оспособува постоечката опрема која ќе им овозможи повторно активираат на културните центри.

Проектот чини 11 милиони денари, а ќе се реализира во три фази.

Од проктите за анализа дека во центрите за култура во поголемите градови постојат кино Сали со опрема на прикажување на филмови но истата е расипана или дотаена или во најголем дел не е во функција, рече на прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Со ова ќе се створи кино мрежа која што е основа за работата на македонските дистрибутерски компании, рече Дарко Башески, директор на филмскиот фонд.

Но дали реактивацијата на кината ќе им ги врати старите навики на граѓаните да гледаат филмови во кино? Граѓаните со поделени мислења. За едни иако нема голем избор на репертоарите, повремено одат во кино,  а останатите пак, филмови гледаат во домашен амбиент.

Анкета-граѓани:

Да ви кажам дома почесто така, дома.

Да да во кино и дома кога како зависи.

Почесто идеш во кино или?

Па почесто во кино, велат граѓаните.

Можеби 3Д проекциите ќе ги врати навиките на граѓаните да гледаат филмови во кино.

Преполни се проекциите на 3Д филмовите а истото се случува и со оскаровскиот двонеделен празник кој така и го именувавме и мислам дека некаде барем за сега е во ред, рече Златко Стевковски.

Покрај кино Милениум, во Скопје функционираат уште две и едно кино во Битола.

httpv://www.youtube.com/watch?v=OvmijHK2_fU

Превземено: Сител

Датум на објавата: 20.03.2012

Термин: 19.00  часот

Автор: Елена Бошковска

By | 2012-03-21T04:59:38+00:00 21/03/2012|Култура|