Европски пари за Широк сокак

/, Туризам/Европски пари за Широк сокак

Европски пари за Широк сокак

Обновувањето на една фасада во старата битолска чаршија, хортикултурното уредување и осветлувањето на споменичната целина kjе завршат до 2014 година во рамките на партнерскиот проекг на седум земји од Југоисточна Европа за зајакнување на културното наследство преку планирање на животната средина и менаџмент, наречен „Шерплан”. За оваа намена се одобрени 124 илјади евра од фондовите на Европската унија. Покрај нашата земја, во мрежата на институции што соработуваат за подобро и поефикасно менаџирање на заштитата на споменичните целини и културното наследство влегоа и Италија, Албанија, Црна Гора, Австрија, Словенија и Грција.

Проектот вчера го претставија Серена Куграно, директор на регионалната единица на автономниот регион Фриули Венеција Џулија од Италија.

Секоја од земјите знае да се справи со сопствените проблеми. Но методите се првиот чекор за да се најде подобро решение за заштитата на културното наследство, а заедно можеме подобро да дејствуваме  вели Кутрано.

Според министерката за култура Елизабета КанческаМилевска, „Шерплан” е проект кој го истакнува интегрираниот пристап во заштитата на културното наследство.

Културното наследство на Македонија е дел од светското културно наследство и е вредност со општо цивилизациско значење. Грижата за него е дел од стратегијата за одржлив развој и поради тоа имавме низа активности за заштита, презентација и промоција на наследството што го поседуваме  рече таа.

КанческаМилевска информира дека одИПАфондовите на Европската унија се обезбедени 2,8 милио^а евра за заштита на културното наследство. Тие се распределени на четири проекти. Од нив за ревитализација на културниот комплекс на црквата „Св. GJорgjи” во Старо Нагоричино се издвоени 1,4 милион евра. Реконструкцијата на GJулшенамамот во Скопје и доградбата на стаклена купола каде што kjе биде сместен туристички информативен центар за скопската Стара чаршија се поддржани со 980 илјади евра, а се очекуваат и дополнителни 310 илјади евра. Третиот проект е „Култема”, кој ја воведува новата европска методологија во интегрираниот пристап во заштитата на културното наследство и го поттикнува локалниот развој во регионот ДебарРека, а е финансиран со 88 илјади евра.

Четвртиот проект е „Шерплан”, кој се реализира под надзор на БРЕСЦЕ, регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција и Федералното министерство за образование, уметност и култура од Австрија. Во акцијата се вклучени и Аквилеја од Италија, Берат од Албанија, Цетиње од Црна Гора, Халштат од Австрија, Идрија од Словенија и Нафпактос од Грција.

[custom_frame_center]Европски пари за Широк сокак[/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на објава: 08.11.2012

By | 2012-11-08T16:15:16+00:00 08/11/2012|Македонија, Туризам|