Фијаско на Предвремениот Откуп на Тутунот

//Фијаско на Предвремениот Откуп на Тутунот

Фијаско на Предвремениот Откуп на Тутунот

Фијаско на предвремениот откуп на тутунот. Од предвидените количини нема да се откупат ни половината.

Како и минатата така и оваа година се изјаловија предвидувањата и проценките во количините тутун што требаше пријавените компании да ги преземат од своите кооперанти во така наречениот предвремен откуп на тутунот. Претседателот на сојузот на тутунски здруженија Данчо Милевски не е задоволен ни од динамиката ниту од цените што се остварени во двете фази од предвремениот откуп.

И покрај овој квалитет што го имаме на тутунот во втората фаза се растат главните берби, достигнуваа до некаде 160, 170 денари што е стварно прениска од она што има зацртано 4 милиони и 450 илјади колограми тутун да откупат мислам дека тоа нема да се исполни. Кај источниот дел и Повардарието велешко многу е намалена динамиката додека кај нас многу е голема динамиката можам да кажам дека на еден куп од 6 до 8 тони со една вага.

Милевски за канал 77 вели дека во петок ќе се знае кога би започнал вонредниот откуп кој изминатите години почнуваше околу 15 ноември, односно еден месец се пред законскиот рок за почеток на редовниот откуп, но и најави дека тие како сојуз на тутунари ќе предложат понатаму да се искорени предвремениот откуп на тутунот. Со контра предлог откупната кампања да се скрати да почнува од средината на ноември и да трае до крајот на јануари.

Превземено: Канал 77

Датум на објавата: 30.10.2012

Термин: 14.00 часот

Автор: Петар Димовски

By | 2012-10-31T01:17:19+00:00 31/10/2012|Тутунска Индустрија|