Фрапантно Расте Увозот на Храна во Македонија

//Фрапантно Расте Увозот на Храна во Македонија

Фрапантно Расте Увозот на Храна во Македонија

Се зголемил увозот на речиси сите прехранбени производи, од земјоделска до разна готова храна, а главна причина за тоа е македонското дефицитарно произодство, анализира хрватскиот интернет портал Бизнис. Македонија станува се поголем зависник од увоз на храна и пијалоци.

Тоа е страшно за македонската економија, бидејќи во земјата постои огромен потенцијал за производство на храна, но не се користи. Не помогнале ниту владините субвенции, па на терен царуваат увозниците, пишува Бизнис.хр. Домашните агробизнисмени не се согласуваат со ваквите анализи.

„Дефинитивно во Македонија, ако не беа субвенциите ќе немавме сериозно земјоделско производство, со ова се демантира нивното тврдење. Што се однесува на извозот од Македонија, од 130 милиони е зголемен за една година благодарение на субвенциите, има извоз од Македонија на земјоделски производи на 430 милиони. Во структурата на увозот на храна во Македонија најголем дел учествуваат производи што не се произведуваат во Македонија, како што се чоколадото, кафето и ред други производи“, изјави Огнен Оровчанец, од Агробизнис комората.

За универзитетскиот професор Татјана Прентовиќ, владините субвенции не ги дале посакуваните резултати. Затоа таа инсистира на промена на моделот на доделување државна помош. Според нејзе, политиката на субвенционирање во преден план го има социјалниот аспект.

„Наместо да се даваат пари за предадено количество млеко, пченица или грозје треба да стимулираат изградба на преработувачки капацитети од конзервна индустрија, а аграрната политика да се насочи кон производство на производи со додадена врендост, а не кон суровини, што значи конзервната и преработувачката индустрија треба многуи повеќе да се стимулираат. Да се воспостави мониторниг систем за контрола на ефектите од трошењето на априте. Земјоделските субвенции да се насочат кон профитабилни и пазарни ориентирани производители и претпријатиа за целата политика да има развојна компонента“, изјави Татјана Прентовиќ, универзитетски професор.

Хрватите анализирале дека вкупниот увоз минатата година генерално е намален за околу 10%, но увозот на прехранбени производи и пијалоци урна нов рекорд и за 10 месеци е зголемен на 616 милиони американски долари. Тоа е раст за околу 5% во однос на истиот период во 2011 година.

„Јас ви ги кажав нашите анализи, сега за кои анализи вие ќе се определите тоа е ваше право. Меѓутоа точните анализи вие слободно можете да ги земете од царината, од одредени биланси, статистика. Значи зборуваме за егзактни показатели, не зборуваме за нивни, туѓи, наши. Зборуваме за егзактни точни показатели“, рече Оровчанец.

„20,4% е пораснат увозот на храна во 2012 во споредба со 2011. 375 милиони евра Владата има исплатено за субвенции во изминатите шест години и 14,1% е намален извозот на прехрамбени производи во првите шест месеци од 2012 во споредба со 2011 година. Половина од вкупниот извоз на прехранбени производи се сведува на извоз на овошје и зеленчук, најмногу увезуваме месо и преработки на месо и долгорочно гледано во последните 11 години извозот за повеќе од една деценија сме го зголемиле за 308 милиони долари, а истовремно за увоз на храна сме потрошиле 450 милиони долари“, вели Прентовиќ.

А еве што велат податоците од државниот Завод за статистика. Последните податоци ги споредуваат првите десет месеци од 2012 во споредба со 2011. Увозот на храна и живи животни се зголемил за 3,1%, кај пијалоците и тутунот регистриран е раст од 7,8%, а додека најголем пораст на увозот од 13,4% е забележан кај животниските и растителните масла.

А еве што велат податоците за извозот според статистика, споредувајќи ги првите десет месеци на 2012 со 2011 година. Извозот од јануари до октомври лани е во пад од 11,8% во споредба со 2011 година. Пораст на извозот се бележи кај пијалоците и тутунот за 5,7% и кај животниските и растителните масла за 1%.

Една од земјите од кои Македонија најмногу увезува храна е Србија. Минатата година, за 10 месеци, увезени се српски прехранбени производи во вредност од 109 милиони евра, а за цела 2011 година сме увезле храна во вредност 124,6 милиони евра. Од Србија најмногу се увезува, пченица, пченка, масло за јадење, брашно, миниерална вода, млеко, чоколади.

[custom_frame_center]Фрапантно Расте Увозот на Храна во Македонија[/custom_frame_center]

Превземено: www.24vesti.com.mk

Датум на објавата: 07.01.2013

Автор: Мишко Иванов

By | 2013-01-08T08:26:12+00:00 08/01/2013|Земјоделство|