Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

/, Телекомуникации/Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Сеул/Скопје, 6. август 2020. година – Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd во текот на вчерашниот Galaxy Unpacked настан, претстави и два нови таблети – Galaxy Tab S7|S7+. Со новите функции, унапреденото S pen пенкало, проширената тастатура, големиот екран и моќниот процесор, како и поддршката за 5G мрежа кај моделот S7+ , овие уреди нудат мноштво алатки за работа и забава.

Моќен уред за работа…

Процесорот на последната генерација на корисниците на овие уреди ќе им пружи можности за врвна продуктивност, додека по работното време уживањето во гејмингот и видео повиците со пријателите, ќе биде потполно непречено. Мултитаскингот ќе биде дополнително олеснет со заобленото S pen пенкало со издолжен врв, унапреденo така што ќе пружи поприродно чувство во текот на користењето. Во комбинација со стапката на освежување на екранот од 120Hz, S Pen ќе го олесни фаќањето белешки во текот на состаноците и конференциските повици. Со тоа, апликацијата Samsung Notes ќе понуди можност за едноставно конвертирање на белешките во PDF формат, додека со опцијата Audio Bookmark на корисниците ќе им се овозможи истовремено да го снимаат состанокот и да водат записник, а потоа сѐ да синхронизираат. Така со еден клик на одредена реченица во белешките, ќе може да се стартува аудио записник точно на она место каде што се зборувало за одредена тема.

Покрај тоа, унапредениот Multi-Active Window овозможува истовремено користење на дури три апликации, па така ќе биде можно паралелно да се присуствува на видео повик, да се следи електронската пошта и да се води записник за состанокот. Во тоа многу ќе помогне и големиот екран на таблетот. Дополнително усовршени се и апликацијата Samsung DeX, како и Keyboard Book Cover тастатурата која доаѓа со интуитивни функции и подолг touchpad, за корисниците кои што сакаат во текот на користењето на таблетот да имаат впечаток дека работат на PC. Благодарејќи на соработката со компанијата Microsoft, овозможена е брза синхронизација на Samsung Notes со апликациите Microsoft OneNote и Outlook , па преминот од еден на друг оперативен систем никогаш не бил поедноставен. Освен тоа, Tab S7|S7+ можно е безжично да се спои со соодветен телевизор и да се презентира содржината на екранот на поголемиот уред .

…но, и за забава

Galaxy Tab S7 доаѓа со LTPS TFT екран од 11 инчи, а Tab S7+ со единствениот Super AMOLED екран од 12,4 инчи, додека и двата поддржуваат сооднос 16:10. Во комбинација со системот од четири AKG звучници, на корисниците ќе им се пружи кино-искуство и во нивните домови.
Благодарејќи на намалената емисија на сина светлина , повеќечасовното гледање во екранот на таблетот нема да смета на очите, така што по освежувањето од 120Hz корисниците ќе уживаат на социјалните мрежи или во видео игрите, непречено и без ограничувања.

Со купувањето на таблетот, овозможено е четири месеци бесплатен пристап на апликацијата YouTube Premium , додека пак Netflix и Spotify исто така ќе бидат преинсталирани. Освен тоа, за прв пат на Android таблет ќе биде однапред инсталирана и популарната апликација Clip Studio Paint за цртање , па така дизајнерите и оние кои се вклучени во креативната индустрија секогаш ќе имаат пристап до својот „блок за цртање“. За што подобра содржина на социјалните мрежи ќе помогне и Canva, со оглед на тоа дека на располагање ќе бидат и повеќе од 200 ексклузивни шаблони од оваа платформа .

Незаменлив гејминг

Со Tab S7|S7+, конзолата нема повеќе да биде стационирана во дневната соба. Благодарејќи на навистина брзата стапка на освежување и големиот екран, поддршката за Wi-Fi 6 стандард, но и за 5G мрежа кај S7+ моделот, корисниците ќе уживаат во гејмингот каде и да се наоѓаат.

Поврзаноста на Galaxy екосистемот

Благодарејќи на Samsung Cloud и апликацијата Samsung Flow некои од функциите на таблетот, ќе им бидат достапни на корисниците истовремено и на Galaxy телефоните и компјутерите, па нема да биде потребно праќање и преземање на документи од еден на друг уред. Освен тоа, Tab S7 | Tab S7+ ќе служи и како уред преку кој корисниците ќе ги контролираат своите домови и куќните апарати кои се базирани на Internet of Things (IoT).

Tab S7 | S7+ ќе бидат достапни во текот на август во Мистично црна, Мистично сребрена и Мистично бронзена боја. Повеќе информации можете да најдете на:
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s7-wifi-t870/.

Tab S7|S7+ спецификации

Galaxy Tab S7 Galaxy Tab S7+
Димензии и тежина Уред 253.8(W) x 165.3(H) x 6.3 mm
498g (Wi-Fi), 500g (LTE), 502g (5G), 285.0(W) x 185.0(H) x 5.7 mm
575g (Wi-Fi, LTE, 5G)
BLE
S Pen должина: 147 mm*, дијаметар: 8.2 mm**, тежина: 8g
*Во должината е вкалкулиран и врвот на пенкалото. **максимален дијаметар
Екран 11”*
2560×1600(WQXGA) LTPS TFT, до 120Hz 12.4”*
2800×1752(WQXGA+) Super AMOLED,
до 120Hz
*Мерено дијагонално, како полн правоаголник без вкалкулирање на заоблените рабови. Површината за прикажување содржини е помала поради заоблените рабови.
OS Android 10
Процесор 7nm 64-bit Octa-Core Processor *3.0GHz (максимална брзина) + 2.4GHz + 1.8GHz
Меморија* 6GB + 128GB / 8GB +256GB, microSD** до 1TB
*Може да варира во однос на моделот, бојата, пазарот и продажните места. Реалниот простор за складирање на податоците можат да варира во однос на преинсталираниот софтвер.
**MicroSD картицата се продава одвоено.
Камера [Задна] 13MP (главна) + 5MP (ултра широка) + блиц[предна] 8MP
Звук четири AKG звучници, Dolby Atmos®
Конектори Type C USB 3.2 Gen 1 (DP Out)
Сензори Акцелерометар, компас, жироскоп, светлосен, Hall сензор Акцелерометар, компас, жироскоп, светлосен, Hall сензор
Поврзаност 5G*, LTE**, Wi-Fi 6 (802.11 a/b/g/n/ac/ax), Wi-Fi Direct, Bluetooth® v 5.0
*5G услугата е достапна на моделот Tab S7+, во државите и подрачјата каде што оваа мрежа е развиена.
Потребна е оптимална 5G поврзаност. Брзината може да варира во зависност од државата, операторот и корисничкото опкружување.
**Достапноста зависи од пазарот.
Батерија* 8,000mAh
(овозможено 45W Super брзо полнење**) 10,090mAh
(овозможено 45W Super брзо полнење**)
*Типичните вредности се тестирани во лабораториски услови на трети лица и претставуваат проценета просечна вредност, земајќи ги во предвид промените на капацитетот помеѓу примероците на батериите тестирани по IEC 61960 стандардот.
**Полначи со 45W и 25W се продаваат посебно.
Биометриска автентикација отпечаток од прст на копчето од страна отпечаток од прстот на екранот
Додатоци* S Pen пенкало (BLE, Inbox)**, заштитна футрола, Book Cover тастатура
*Додатоците се купуваат посебно.
**S Pen пенкалото исто така се продава одвоено. Достапноста зависи од пазарот.
*Спецификациите се подложни на промени без претходна најава и варираат во однос на пазарот/продажните места.
**Сите функции, опции, спецификации и други информации за производите во овој документ, вклучувајќи ги, но неограничувајќи се на придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производите, подложни се на промени без претходна најава.

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com.

By | 2020-08-07T10:57:00+00:00 07/08/2020|таблет, Телекомуникации|