Гасификација на Македонија до 2017 Година

//Гасификација на Македонија до 2017 Година

Гасификација на Македонија до 2017 Година

Министерството за транспорт отвори јавен повик во функција на имплементирање на овој особено важен проект што ќе има влијание врз социјалната околина.

До 2017 година РМ треба да добие 5 делници за пренос на гас со вкупна должина од 233 километри. Ова е предвидено со проектот за гасификација на државава, а во соработка со Европската Банка за обнова и развој.

Од таму министерството за транспорт и врски објавува јавна покана за заинтересираните во насока на анализа на овој голем проект од аспект на влијанието на животната средина. Станува збор за проект од А категорија и согласно со процедурите на ЕБОР мора да биде изготвен акциски план што секако мора да се однесува на заштитата на околината, односно на социјалното влијание.

Во соопштението на ресорното министерство се наведува дека ако консултантот што ќе ги нуди овие услуги треба да биде меѓународна компанија со вклучување домашни експерти. Исто така неопходно ќе биде познавањето на политиките на меѓународните финансиски организации и секторот на нафтената и гасоводната структура. Од консултантот ќе се бара задачата да ја заврши што е можно побрзо или не повеќе од 5 месеци.

Крајниот рок за доставувањето на пријавите е на 6ти наредниот месец.

Превземено: Македонско Радио

Датум на објавата: 17.06.2012

Термин: 14.30 часот

Автор: Валентина Самац

By | 2012-06-18T06:08:35+00:00 18/06/2012|Нафтени деривати|