Ги Нема во Оптек Ама ги Има на Сметките – 50 Дени

//Ги Нема во Оптек Ама ги Има на Сметките – 50 Дени

Ги Нема во Оптек Ама ги Има на Сметките – 50 Дени

Половина денар неможе да не направи сиромашни но на некои фирми може да им донесе дополнителен приход. Често ги има на сметките, но реално никој не ги враќа како кусур. Па така заокружена сметка дел од маркетите годишно имаат заработка плус. Кој е најдобриот начин да не бидеме оштетени.

Ви вратиле ли некогаш 50 дени во продавница?

Не, секогаш е заокружена цената во штета на граѓанинот.

За струја тоа ги гледам 50 дени. И тие стално ми ги наплаќаат.

Секогаш заокружуваат тие во нивна цел, а не во мое, велат граѓаните.

Ги нема во оптек ама ги има на сметките. За џебот на граѓаните не значат ништо за компаниите носат ќар и екстра профит. Дали премолчно се согласуваме со ваквиот грабеж. Во организацијата на потрошувачи не пристигнала ниту една поплака, но претставки имале во пазарниот инспекторат.

Сите трговци го имаат истото објаснување до 0.5 денари односно 50 дени на сметката тие значи го прифаќаат помалиот износ над 0.5 ако е 34.60 дени во тој случај тие наплаќаат 35 денари, рече Елизабета Чингаровска, директор на државниот пазарен инспекторат.

МТВ се обиде да дојде до ставот на дел од големите маркети, како го регулираат ова.

Доколку според фискалната сметка треба да му вратиме на потрошувачот кусурот од 50 до 100 дени за да не биде оштетен ќе му вратиме 1 денар.

Ова е единствениот одговор што го добивме од КАМ маркет. Другите што ги контактиравме молчат.

Оваа сметка покажува дека треба да платите 168.5 денари ако платите со картичка ќе ја платите точната сума но ако платите во готово најверојатно ќе ви заокружат на повисоката сума.

Дел од експертите порачуваат за овој проблем да не го наруши имиџот на компаниите овие пари на крајот на годината да ги донираат во добротворни цели.

Да се обидат ако можат да ја поправат, да си го поправат имиџот и да ја искористат оваа појава да и пресметаат да искористат техники на дата тајминг да видат колку е тој ефект на годишно ниво и за тие пари на пример да донираат во некоја библиотека, добротворни цели итн и тоа го искористат во промоција, рече проф.др Нинко Костовски.

Народна банка одлучи овие пари се повлекуваат од прометот. Замената ќе се врши од 1 јануари до 31 март. 20 години по нивното пуштање во оптек тие заминуваат во историјата.

Превземено: МТВ 1

Датум на објавата: 28.10.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Мартин Пушевски

By | 2012-10-29T02:38:34+00:00 29/10/2012|Маркети|